Да Се ми се нормализира. И во крв и во урина шеќерот магично ми се изрегулира. Ем На инсулин бев јас од 7ми месец
Одлично! Ме испоплашија ова докториве за шеќерот а никогаш не сум имала претходно. Демек бубрезите, ова, она. Уште нешто, на колку саата ти беа размак доручек, ручек, вечера?
Од коа ме ставија на инсулин морав по 3 пати дневно да јадам и плус околу 22:30 да апнам една овошка. Гледав на 5ч размах да ми се оброците. Пред да бидам на инсулин јадев 2 пати дневно, ама па многу ужинки имав. А коа почнав со инсулинот ужинките скроз ги оставив
Мене ми рекоа 3 пати ручек, со повеќе ужинки. И исто обавезно во 10 ужинка. Сега не можам да сфатам имам висок шеќер, а насабајле низок, ми паѓа преку ноќ. И ова со оброциве не го разбирам, што смее да е ужинка, ништо посебно не ми објасниј, овошје, бадемчиња, такви работи. Демек 1 недела пробно да видиме како ќе се однесувал шеќеров, па после терапија.
никако... ќе си трпиш. јас умрев од болки во кичма цел 8 ми и 9ти... мачкав крема магнезиум по препорака од доктор, ама не помагаше...
Среќа мене сега почнаа од 37ма нема мн да ги трпам неможам ни да лежам ни перници помагаат цели вечери сум де на лева де на десна страна викам на една барем ќе биде добро ништо од кревет едвај станувам за до вц. Да не зборам за извршување на домашните работи.
А ти не си на инсулин, така? Кога ти е висок шеќерот? Велиш насабајле е низок. Колку ти е наутро на гладно ?
Не сум сеуште на ништо. Пробно се боцкам мерам 5 дена па уште еднаш испитување, па да ми дале терапија. На гладно ми е околу 4.5 горе доле, сабајлево еве прво сабајле како мерам сама 4.8, тоа било мн ниско, ме искараа сум гладувала, бебето ми гладувало. А после вечера вчера ми беше 6.5. На оптеретувањето со гликоза после 1ч беше 9.74, а после 2ч 7.99. Во урина 250. Ова најмногу ги загрижи, урината. Ништо не разбирам од една страна, висок бил шеќерот, се укажувало на дијабет, од друга страна насабајле низок бил, сум гладувала
Кој бре ова ти вика дека 4.5 бил низок за на гладно? Баш таков треба да е. Па и коментарот - бебе гладувало И по јадење ич не ти е лош. А урина уште еднаш провери си. Обавезно од втор млаз мокрача и убаво измиено дунде Уше еднаш Шеќерот во крв ти е добар,не бери гајле
Сега бев за проверка на крв и урина успат и на преглед кај гинекологот, бебчето е супер си мртка. Само не можеше да го виде полот, на скрининг сум на 22 февруари. Сестрата на гинекологот ме изнервира, ми мереше притисок и малку покачен ми бил и реков вчера чипс јадев, како сум можела тој да јадам, дете ли сум била цел чипс да сум изела, а нема врска дека сум го целиот изела. И којзнае од кога не сум јадела чипс ај сега стрв ме беше фатило, благо никако да не сум јадела и тоа не јадам многу ептен ретко.
Ендокринологот И да ти кажам цела прашалници бев, ништо не ја разбрав, а 100 прашања и поставив. како глупава некоја. Многу контрадикторни муабети ми изнакажа. Следнава недела, после "диетава" што не знам да ја водам , ќе правам пак на урина да виделе. Абе хаос, да не почнеш по лекариве маста ќе ти ја извадат. Па и тоа ме напраи лом зашто не сум јадела 12 саата пред тестирањето, само 8 требало, што е тоа прегладнување на трудница. А претходниот ден се јавив во лабароторијата дечките ми рекоа никако јадење 12 саата. Ако знаат кој што кажува...
во 37ма веќе само се молев да се породам мн се тешки на крај .. ама готово е веќе стискај заби уште малце и ќе гушкаш бебуш
Ќе стискам како што почнаа и тоа лажни контракции стискам викам да издржам до 38ма барем после кога ќе дојде нека дојде да ти кажам едвај чекам уште од 8ми месец
Добар е добар, пупу. Само шишето го интересира и кома е Ако остане вака умен, до крајот на годинава пак ќе сакам да се вратам у темава. Ама под услов и следната бременост да ми биде ко оваа