И ја треба да одам на кардиолог и искрено се избегнувам ради цената .. претеруваат многу. А и сега ми намалија тахикардиите тие силни што ги имав можда од д димерите успејав да ги симнам.
Кај мене така беше наместено, на бокс бев околу 30-40 мин. Мислам дека ако беше правилно наместено бебето ќе беше побрз пораѓајот.
Со лице напред подобро е царски да се породиш, и инаку ќе ти понудат со вакум и голем е ризикот од повреда на бебето. Имам искуства на блиски личности каде едната со царски ја породија и помина супер, а другата со вакум и не би ја коментирала..
Ако одиш подобро Жан или приватно негде отколку Систина. Јас во Жан 3000 плаќам. Бев за второ мислење во Систина кај ми наплатија 6800 па докторица во 15 мин процени дека Жан веза немаат и преку 15-20 години грешна дијагноза ми даваат, односно пролапсот магично исчезна во Систина.
Јас одам приватно кај Др.Митра во Кардио Србиновски ,има и со упат ама нема термини. Она во Жан има работено порано. Чинам 1500 плаќав . Еј претеризам цените
Јас се породив многу лесно со бебе свртено напред На ехо пред да се породам уште ми е сликата во глава како гледа со очињата. Никој не кажа дека ќе имам потежок пораѓај заради тоа што е свртено со лицето напред.. Едит: ама сега кога си враќам моментите наназад, ми текнува дека докторката беше спремна за итен царски ако има потреба.
Потешко поминувало бебето во мала карлица, затоа тоа ми го потенцираше...ама имало време да се врти...у мисла ми е сега што знам, поарно да не ми кажеше
Можеби има врска и големината на бебето па затоа ништо ми немаат спомнато и не сум имала проблем. Родив прилично малечко бебе
Јас пред 2 год одев на контроли во систина кај др. Гордана Петровска. Ми правеше ехо , скоро секогаш и вагинално и абдоменално заради скратен цервикс. Секој пат ми наплаќаа по 2500ден.(сега покачиле на 3000ден изгледа). Ми даваа и слика од бебето и секако извештај и совет за терапија. Е ,кога еднаш се пожалив за чешање и пецкање,ме префрли од кревет на столица(бокс) и ме гледаше со спекулум. Проверуваше за кандида и тоа беше плус 2500 наплатено.
Zdravo devojki , sum vo 13 nedela pa sakav da ve prasam dali imat nekoj problem da se satiram so blans ?
Тоа се искуства на тие што ги знам, е сега докторот најдобро знае на кој начин ќе те породи бидејќи ти ја следи ситуацијата. И јас во овој случај би се нафатила царски.