Пред десетина дена бев на преглед, се беше во ред, цервикс 44мм, ваљда нема за десет дена да се случи да се скрати. Плус моментално е тоа, за две-три минути ја снема болката. Зедов магнезиум и сега се е ок
Ја ги имам често , сега како влегов у 8ми многу почесто ги имам .. мислам дека не се страшни без болки.
Епа немаш грижи тогаш...кај мене се паничи одма за на преглед дека имав индикација за предвремен...ама ти со тој цервикс си топ, башка чим поминуваат брзо и не се повторуваат на одреден интервал се лажни..матката ни се спрема, а и бебувчиња си тежат
Се масираат градите повремено и ареолите се стискаат за да де извлечат убаво да може бебето да фати да цица. Секако има силиконски пупки вршат работа, но добро е и ова да се проба.
Пред 10 тина дена бев у ремедика, сум била 15 недела и некој ден , очекував да измери меше, главче, раце , нозе а потоа видов на ехото пишува само crl дали тоа значи дека не премерил поединечно ? Во петок ради аларм мој , бев кај матичната после само 10 дена од тој у ремедика, бебето е понапред за 5 дена, а нозете сега гледам ептен отстапуваат за 11 дена понапред Она ми искоментира само еееј долги нози ќе има . Рачињата одговараат за неделата , а главата и мешето 5 дена понапред. Баш се изнервирав овој у ремедика шо не ми измерил а таму оставив 2700 а тука 300 Туку, за паника ли е? Некако многу ми се виде различно се
Можеби измерил а не пишал у извештајот? Пишал само у должина. И мене ми вика матичната дека има долги нозе на секое ехо ама веќе не ги споредувам мерките ми ствараат анксиозност се нервирам само .. Штом не ти кажала ништо не е страшно сите сме различни сигурно се во прашање гени.
Многу зависи и како ке го фати бебето. Од еден кан друг доктор да отидеш бо ист ден нема да се исти мерките. Нема ништо загрижувачко компјутер мери. Плус тоа е просек за некоја општа слика за бебето.
Јас сега од 8ми почнав да ги мачкам со кремата од бебилав, иако на неа пишува да се мачка помеѓу 2 подои, нема пишано нешто за бременост ама претпоставувам дека е ок.
И јас сум 8 месец и ги мачкам со ланолин, подобро порано да се почне со мачкање за да се избегне испукување додека се дои бебето зашто многу боли. Инаку павловичева избегнувај и на стомак да ставаш, освен површински само ја мрси кожата не ја потхранува воопшто.
На стомак што користите? Сигурно е безбедно во бременост, штом за доење е безбедно. Сеа едно просто прашање, тоа меѓу подои, бидејќи е сепак хемија, значи мора темелно плакнење после некое време за бебето да цица? Значи ставаш, миеш, па цица. А сега на колку време ја ставаш?