Mislam deka do odredena nedela se meri CRL, toa e dolzinata od glava do peti. Posle toa se merat oddelno glava, stomak, femur a ne se meri celo bebe po dolzina.
У исти ден со мене , Кировски ја пораѓаше керка му. И тоа спонтано. Јас лежев на интензивна, на два пати ја слушнав како писка- Татоооо Не можам веќе Знам случај каде што свекор ја пораѓал снајка. @fana првиот пат ми беше ептен одвратно. После тоа свикнав. Немав можност секоја недела да одам по Скопје. И не е единствен пријател на мм кој ме е гледал. Дур лежев на Гак на патолошка за ектопичните бремености, скоро па секој кој му е пријател на мм ме прегледуваше. Па како за беља најмногу другари му се гинеколози
Девојчиња едно прашање малце глупичко, смееме ли во бременост да јадеме пиварки, шери или други благи кои содржат алкохол? Логиката ми вели дека алкохолот испарува при печење, кај печените ама во друга група прочитав дека сепак трудници не треба да јадат вакви работи и сега не знам дали да го фрлам тестово за пиварки? За жал не ми текна навреме ...
Еееее Не се прај до толку па и ти. Апнувај си и шери и пиварки. Т.е јас си јадев шери. Не по цела бомбоњера ама си јадев. И пивце знаев да се напијам чат пат. По некоја голтка
Јас еве не би можела. Кој си може - нека оди. Татко -ќерка / свекор - снаа се особен тип на психопатологија за која не би знаела стручна терминологија, а сум сигурна дека постои. Терапија не знам баш дали постои за жал Не е болест се што боли....
Мешковци имам мака,од сношти имам болки во јајниците,половината па дури и во задникот.Ама онака константна болка како менструална,не поминува и не е на интервали.Исто и движењата на бебето ги чувствувам многу ниско а до вчера ги чувствував горе кај желудникот.26недела сум ама сум и во изолација заради ковид и тука кај нас не примаат да појдиш на болница.Ве молам за мислење,утрогестани ставам по 2
А до Скопје до Гак да дојдеш далеку би ти било? Мислам дека таму прегледуваат ковид+… Ќе се пријавиш дека одиш на преглед во полиција
Па и не сум баш блиску 130км.Не се ептееен неиздржливи болкиве,си велам до утре ќе издржам да се консултирам со гинекологот
Незнам како размислувате ама мојот татко е херој за мене..јас кога добив болки со првото во 23 нед маЖми неможеше да вози па додека стаса другар и да дојде дека во друг град тато ме чекаше пред болница јас го фатив за рака и не го пуштив.. јас на бокс ме бркаат а тато за рака со мене докторот вели како ти е добро така нека го таткоти не ми смета.. ама секој за себе нели? Како и да е во таков момент не размислуваш многу
Добро колку често ве фаќаат овие лажниве контракции.. 37 сум и веќе ме нервираат само ми се стврдне меше и некогаш е подолго некогаш пократко и ме пуште утре ќе барам цтг да ми прават а се беше во ред минатата недела
Пуст татко Не знам јас и татко ми имаме прилично ладен однос од аспект на емоции, ама сме многуууу блиски, поблиски од со мајка ми. Не би можела да замислам, ама ако е најдобар во тоа што го прави, а јас во ризична ситуација, можеби би било најисправно. Или сепак не. Глупаво е бе. Сега кога не настрви, пушти некоја навака
До 5 месец некаде... дезодоранс сега во 7 за прв пат ставив. 5 месеци се потев без ништо, 6 стик без јак мирис.
Апсолутно не. Сам треба да се повлече од таква работа бе, не смее ни да помисли. Ќерка ти ќе ја пораѓаш бе.... Ко да нема други доктори. Свашта.
Не знам не би можела, па на природно, ќе се стиснам од срам нема ни да ме породи како што треба. Ај да дава второ мислење за резултати да ме прати, ама на бокс. Некако не.