Дезодоранс за чудо ставам ми смета ама се истрпува некако. А парфем во никој случај. Исто приметив дека од кога останав бремена почнав да се потам. Инаку сум личност што до сега никогаш не сум се потела и во лето на +40 може само во косата во вратот инаку не. Таков ми е организмот. Сега ова со потењево малку тешко ми паѓа. Којзнае дали после бременоста ќе се вратам како што бев.
Ќе биде бетер кога ќе се породиш. Најголема траума ми е тоа Колку сакаш туширај се ќе си мирисаш А дете вришти, лето, сама дома Парфем неможам ни јас , еден само , ама го прскам подалеку на врат никако, исто ми беше и со синко кога бев трудна
Оооо после пораѓај ужас... Лето зима без разлика потиш и смрдиш корниш не се трпи колку сакаш прскај дезодоранс. Ми се крева косата кога ќе ми текне шо ме чека
А дали после некое време по пораѓај се враќаш во нормала? Не би можела да се помирам дека ќе се потам. Најмногу што мразам е тоа . Мм ми вика тебе така ти се чини не мирисаш воопшто. Јас не се потам сега никаде ама под пазувиве знам да се разбудам испотена и се нервирам. И некако део спрејов како да не трае многу како претходно сега одма се чувствувам како засмрдена.
Јас сум човек кој ненормално се поти. Цел живот сум таква. И во бременоста си се потев како и предходно. Ама од коа се породив веќе не се потам толку, дури ни потта Не ми мириса. Е сега,јас Не доам. Можда па и тоа има влијание Мене у суштина многу работи ми се сменија по пораѓај, т.е све ми се подобри. Од здравје па се до изглед
Мене после пораѓај нај страв ќе ми биде косата дали ќе ми паѓа, колку и колку време. И пред бременоста и сега ми паѓа. Крвта ми е во ред, сигурно и хормони штом сум забременила, секогаш мислам ако не се во ред хормони не можеш да забремениш, колку е точно не знам, едно време не ми беа во ред па пиев контрацептивни таблети, акни снемав, ама косата никогаш не ми престана да ми паѓа. Порано што убава коса имав, не можам никако да ја прежалам, сега ми е многу сменета. Колку шапмони сменив ама џабе, сега еден против опаѓање користам ама џабе важно првут немам.
Жени.. 39+6.. Излезе некој семеен проблем, матичната никако не можам да ја добијам.. Премногу сум вознемирена, смеам ли диезапам да земам?
Да прашаш за деметрин. Мене ми дозволи психијатарот (и гинекологот) по четвртина во прво тромесечие поради анксиозност. Е сега ти си трето, не знам дали е дозволено тогаш. Што и да е прво консултација со доктор.
Во тој период од бременоста незнам со сигурност да ти кажам,ама јас минатата недела бев 25г.н и заради тахикардија гинекологот ми рече да се напијам диезапам од 2мг,биле дозволени Исто и со првата бременост,имав висок притисок па освен метил допа се случуваше и диезапам да пијам