Јас добивав коментари и од млади машки/женски што воопшто не се ни во врска, не па да се обидуваат за дете, така да не ми е воопшто незгодно
Балкански менталитет тоа е... Најважно е бебушите да ни се живи и здрави и сите со лесно да си ги дочекаме и извини ако те навредив не намерно
Тоа и мене ми беше зборот. Јас никаде не спомнав дека се работи за луѓе што се борат со неплодност. Баш таквите само ми честитаа без никакви коментари. А такви коментари добив баш од луѓе што или веќе имаат деца или пак не се ни мажени/женети ни па во врска.
34 +2 Денес матичната ми земаше брисеви носев во микробиологија. Кога ми го стави спекулумот толку непријатно и болно, кажа дека конецот си стое, зашиено, затворено, а мене ту мач болно. Страв ми е за вадењето. Ај искуство со вадењето конци.. Денес со болки вагинално во вид на сечење. Клекни стани постојано со малата, нема да оде во градинка 2 недели, ковид + воспитувачка, кој ќе трпе уф. Пренапорна е. Само мама, мама, мама. Денес за да ме примат на преглед на гинекологија за извештај за боледување ми бараа брз аг тест, без негативен рез неможе да влезиш на одделение. Поука-да си купам/купиме тестови. Вечер по полноќ ќе имаш недај боже потреба да одиш нема отворено аптека, а таму немале тестови. Лудница, страв ме фаќа дополнително за пораѓајот. Иако веќе имам едно дома, мора психичка припрема за се што следува. (за болницата во Кавадарци е ова)
Којзнае што мислење имале за мене што бев бремена со толкав стомак на свадба. Можеби дек сакам да го задржам па сум го прелажала со бременост.
Не знаат да го постават прашањето, дали било очекувано или ве изненадило, мислам е поприкладно прашање, ако веќе мораат да прашаат, а со блиските искрено мене не ми сметаше да споделам, и без да прашаат. Чак уште и ко планирав да забременам со блиските другарки споделив мене ме нервираа повеќе не така блиски со прашања "ајде што чекате, правете едно мало" или на прашање дали имаме деца, одговарам не, а они ми викаат "ајде како е господ никој не е"...
https://bilnaapteka.com.mk/kontakt.nspx Има тука контакт тел од билнава аптека... Да се јавиш да прашаш можда има
Такви коментари се бетер Инаку и јас секако си кажував отпосле во тек на муабетот дека долго време сме се спремале психички и сме планирале момент кога да почне да се пробува, ама во овој случај не дочека да си кажам. Како и да е, дури и да не кажувам мислам дека нема потреба ништо да прашуваат колку и да ми се блиски, сама ќе им кажам ако сакам. Мене ми е тоа интимна и приватна работа, па само јас и мм си знаевме. Освен ако секако не се работи за барање совет за неплодност како што спомнаа некои членки претходно, ете би им кажала дека пола година претходно пиев пренатални витамини (ако тоа играло голема улога во забременувањето), следење овулација итн. Ама исто и кај мене како и кај друга членка, прашањето беше од девојка што ниту е во врска, ниту планира деца во наредниве години.
Здраво мешина. Бремана 37 5+ неколку дена отворена 5цм второ детенце си имам болки одвреме навреме како менстурални и болки во кичмата ама не сеуште родилни болки... Со првото дете не бев отворена се до последниот ден и незнам дали е нормално ова... Почекуваме да видиме како ќе биди и како ќе оди.. Плодова вода доволно болки немам јаки во моментов скоро и да ги немам како тапи болки... Всабота сум пак на цтг, а на цтг баш ко бев немаше болки некои посебни освен припремни. Осеќам дека си се отворам полека уште па се надевам дека сабота ќе ме задржат дали би ми ставиле провокации или слично нешто незнам пошто за првото дете појдов отворена 9 прсти со контракции на 2мин... Што да очекувам со ваква слика? Првото го родив за 15 минути
Mislam deka nikoj ne moze da ti kaze sto da ocekuvas, sekoj e individualen, moze i utre da bide a moze i za edna nedela ednostavno nema pravilo. Samo opusteno, pozitivna misla i so Gospod napred se ke ispadne super.
здраво, има ли некој проблем со подуеност и гасови.6 недела сум, што и да изедам стомакот ми е како балон и имам гасови, смее ли еспумисан во 1 во тромесечие?
Буквално од секоја храна која ке ја внесам имам гасови, мн неприајтно, ај дома се трпи ама на работа како?
И јас имам многу гасови од почетокот на бременоста, сега сум 16та недела и многу ми смета. Кога треба да отидам некаде таму тогаш највеќе имам.
Денес сум 30+2 но бебето го чуствувам многу долу а и стомакот ми е мн ниско и имам појаки болки од време на време дали на некоја и се случило вакво нешто и дали е загрижувачки да одам кај матичниот?
Kolku i da vnimavas na ishrana, gasovite se normalni, i jas imav nepodnoslivi gasovi do kaj 11ta nedela, i poduenost, potoa se stabilizirav. Moras da izdrzis za bebco
Јас со првото бев отворена 4цм од 30 нед па се породив во 37+4 немора да значи дека бргу ќе иде или споро.. сега сум 37+1 и во петок сум на прво цтг и се пожалив на матична дека често ми се стрврднува меше некогаш кратко некогаш подолго трае па ме прати петок на цтг а половината веќе константно ме боли можеби 2 недели.. кажа телото се подготвува за пораѓај е сега ги знаеш породилните болки и ако дојдат не чекај тоа е мајка ќе си чекаме кога и се излава тогаш нека ни е со лесно мила и на двете