Јас сум 33та па гасовите само полоши станаа На почетокот барем немаа мирис, сега било што да јадам и да не јадам си ги имам и си се навикнав Среќа дома сум цело време
Јас имам прсшање едно во врска со ако си отворена како може да види бидејќи 2 одам на цтг мирно е све и кажувам дека имам како менструални болки и дека матката ме боли и кичмата сега и навечер ги чувствувам тие болки не проверила дали сум отворена дали 1 дали 2 прста или гледаат на ехо последниот пат кога бев кај матичниот во 33 недела ми кажа има уште 5цм нема шансси да си отворена плус вагинално ме провери.
На ехо се гледа дали е скратено грлото и ако е проверуваат со прсти те бркаат мене со синко од 20 нед па се до пораѓај ме бркаа а сега само еднш кога имав болки во 23 нед и еве уште не се ме провериле
@Snow white јас со второво многу брзо се отворив, сабајлето кај 9часот бев 3-4цм, во 14часот бев веќе 5-6, во 18ч бев 7-8, во 20.30 се породив, болки јаки имав само од 19ч, другото се ми беше неосетно, на неправилни временски интервали. А 3цм бев отворена од 37 недела, се породив 39+1, со напомена дека имав лежечка бременост до пораѓај. Прегледот со рака не е многу болен, повеќе е непријатен.
Ти благодарам на одговорот тоа не ми беше јасно прва бременост не се разбирам за тоа сакав да те прашам
Некаде погоре прочитав за сумамед, да јас го пиев во 17 или 18 недела на брис ми покави бактерија, ми препишаа сумамед и се помина во најдобар ред, пред тоа сите дома ми беа позитивни на корона вирус освен јас ама после тоа бев страшно настината и кашлав како гроб да се отвара, пиев само чај од тегавец и многи помага за кашлица, за 2 до 3 дена ја смирив кашлицата а и не спуштив на плуќа бидејќи го вадиш целипт секрет со тој чај, свекрва ми кога беше позитивна заврши во болница, со огромна кашлица и свекор ми и вареше исто чај од тегавец и и носеше ама бидејќи она имаше спуштено на плуќа после недела или недела ипол ја смири кашлицата, знам дека не е штетен во бременост чајот од тегавец. Инаку да прочитав и за едните купија другите не, да и јас сум тој став се сама со мм купуваме, мајка ми ми даде пари за количка, ама кога се спомна за креветче свекрва ми искоментира дека немаат пари оки не правевме проблем, но после 3 дена дознав дека за стара нова година си уплатиле берово 7 дена на шетај е тогаш кога вивнав партал ги направив, за берово имаат за креветче немаат, ме фати инат сами со мм купивме и поштом им го плеснав тоа за берпвп во фаца, дојде после тоа свекрва ми пари да ни дала, и реков фала не а потреба колку можеме толку а вие шетај те слободно, сваќам што е немаштија ама да ме прави некој мрдната е нема да дозволам...
Не ми е јасно како може да им замерувате на луѓето што нивните пари сакаат да си ги потрошат на нив а не на вас. Па тоа дете сте го правеле ти и маж ти, не свекрва ти. Вас треба потребите за бебе да ви бидат пред одмор или шта год, а не на нив Па и да се карате партали да ги правиш, како нивна обврска да е тоа.
Не е нивна обврска и како што ја разбрав немаат пари немаат тука нема ништо спорно. Ама еве ни јас не сум побарала од неговите ни од моите ако сакаат нека купат нешто ако не сакаат не мора. Ама да не му купи ништо со изговор нема пари а иде на зимовање ни ја не би простила.
Па немале пари за креветче, си имале за зимување. Нема што јас да им водам ред за парите на свекор и свекрва.
Јас не барав ништо од никого, моите сами сакаат да си купат за внучињата мерак им е, буџетот им е колку да поминат месец. Од страна на сопругот се многу ситуирани, но никогаш ништо не сме побарале, сами на нозе стоиме, од кирија до сметки и храна, и најкриво ми е што не се прашува потребно ли е нешто за бебето, да купат од мерак, прв внук, пред тоа две внуки имаат од која едната е моја ќерка и за неа стари алишта дадоа од предходната внука која е 6 години постара. Па можете да го замислите моделот на облека и како изгледаа кога 5 деца после тоа ја носеле. Друго е кога се нема, секако родителите се тие кои треба да им обезбедат на децата, но кога се во можност бабите и дедовците да купат нешто од мерак а ниту да прашаат е тоа е за замерка. Во ситуација кога се ти е потребно секоја помош е добредојдена.
Од искуство боли, јас имав три такви прегледи првата бременост и на сите избегав најгоре на креветот, мораа да ме држат сестрите
Женички многу сум возбудена уште 2 недели ако не му се уарни на бебчо да си поседи ме фаќа еуфорија од што клоца мава имам болки доле мислам секој момент ќе дојде Тие што сте исто негде при крај како се чувствувате ?
Zbuneto, vozbudeno jas sum 37+4, denes na ctg i eho i si vikam mirno ke e, rano e uste. Koga toa ctg-to pokaza kontrakcii, so vaginalno eho se vide grloto skrateno, bebevo se spustilo, vo prevod moze sekoj moment da izleze jas se prevozbudiv, nemame uste se sredeno, ama sto e tuka e, kako trebalo da bide taka, samo bebe da e zdravo i zivo neli.
Јас сум при крај, т.е имам уште 35+3 сум ама сум мн среќна затоа што цела бременост беше стравот за предвремено и скратен цервикс ама изгурав. Почнав да осеќам баш притисок доле на секое станување мислам ќе се породам Ми се моча цело време а и да не ми се моча а станам имам чуство дека ќе се помочам. Одмарам уште малку да влезам во 36-37ма за помирна да сум. Еуфорија присутна, мала паника и нервоза на ниво