Здраво. Дали може некоја да ми предложи гинеколог за водење бременост како и за пораѓај. Сакам да е запознаен со целата бременост. Сега скоро се преселив тука, не знам каде е подобро Чаир/Државна и сл.
Братучетка моја се пораѓаше пред еден месец во Чаир, без врски и задоволна е. Да не ме јаде мисла - сметаат АД капки во прво тримесечие? Во шампон имав ставано и дури сега се освестив. Знам дека треба да се избегнува храна богата со вит А.
Мамички здраво јас сега правев тест за ковид и излезе позитивен втора бледа а сум 21 недела бремена некој што прележал во бременост искуства ве молам што пиевте јас немам температура само главата ме болеше и ладно ми идеше по телото.. Малце сум исплашена и за мене и за бебето ве молам за мислење.
@Sandra Stojanova мила само смирено, пиј си витамини, супи и повеќе течности. Многу трудници прележаа корона многу лесно. Само смирено и ако приметиш нешто влошување веднаш и со матичен и со гинеколог контактирај.
Направи си крвна слика со ЦРП, нека ја види матичната, еве јас сум 26та недела, пред една недела фатив. Витамини Ц, Д и трудничките, магнезиум зимам. Следам крвна слика, ЦРП и димери. Без грижи.
Со лесно Јас пред 2недели во 25недела бев позитивна..јас имав повеќе симптоми,сега имам кашлица и болка во гради..ама еднаш неделно правам крвна слика,црп,д димери и тоа е.Без паника,консултирај се и со гинекологот.Мене освен витамините од бременоста нешто екстра не ми даде освен д3 капки и витамин ц.И секако овошје и течности
Дали има некоја мамичка на патолошка, да ми каже дали редовно вршат исплата на платата или не.. Од 23 ти овај месец сум под фонд Разбрав демек и по 3 месеци не пуштале
И јас така мислев се дури не се јавив во фонд и ми кажаа дека не ми ни однеле документи од фирма Е сеа се ковидосаа, нема ни кој да однесе. Незнам дали може матичната копии да ми извади и да си однесам сама? Провери прво дали однеле документи од фирма
Ај расчитај низ форумов…имам читано дека можеш сам скенирани да поднесиш…ама не сум сигурна дали е за породилно или за патолошка
Во која недела кажавте за бременоста на пријателите и блиските? За потесното семејство во ред, мислам на блиските ама не тие толку многу како мајка, сестра, сопруг... Блиски пријатели и роднини. Може 1000 пати е прашано, ама не можам да најдам.
Еве од мене, најтазе искуство.. Си ја добив вчера најубавата титула - Мајка Се роди синот мајкин, мојата сјајна ѕвезда.. Вчера се породив во Чаир, бременоста ми ја водеше Др. Зоран Илиевски. Тој и ме породи. Јас сум прееееезадоволна од него! Која поддршка, помош ја дава баш кога ти треба највеќе, алал нека му е! Прав професионалец! Која и да оди кај него, нема да згреши..
На родители и брат/сестра 6-7ма недела а на останатите после првото тромесечје мислам најдобро е да се каже.
Ако е желба и радост нема што партал да се прави свекрвата зошто пошла во Берово. За мои пари некој партал да ме направи, тоа ни на сон нема да му пројде, дури тогаш ќе види што е партал правење.
Дојдов да се пожалам, извинете што ќе сум негативна. Не знам дали од хормоните ама последната недела секој ден го сонувам татко ми кој ненадејно почина пред 9 месеци. Преку ден пробувам да потиснам, да не плачам како претходно секој ден поради бебето, ама ноќе нема шанси. Па и кошмари се некогаш, многу тешки сонови, се мачам. Ептен ми е жал за плодот, како ќе расте со ваква моја тешка состојба. Немам волја за ништо. Тие што сте изгубиле родител пред да останете бремени како се справувате? Толку ми е криво што го нема, за првото прв научи дека ќе е дедо, беше најдобар дедо на цел свет, само тој знаеше ко бев на царски и премногу беа поврзани со синчето. Не знам како ќе излезам од оваа депресија, ни психолог помага, ни ништо моментално. Дали штетам со плачењето некако? Полна осма недела сум, рано е многу сега се развива се, сега треба да сум најсреќна, да уживам, а не да лежам цел ден и цел свет да ми се распаѓа. Не знам ни како е можно секој ден да го сонувам, пред спиење гледам да не размислувам, избегнувам слики да гледам во последно, не знам што да направам. Извинете уште еднаш ако ве вознемирувам, знам дека не сум единствена во ваква ситуација, едноставно е посилно од мене. Па и мајка ми е изгубен случај, од силна постојано насмеана жена преку ноќ стана несреќна, мрачна, ништо не ја радува веќе.
Нека почива во мир...болката е голема и свежа те разбирам но размисли и за тоа бебенце во тебе и ти си родител мамичка сигурно дедото ке посакуваше се најдобро за својот внук па и за тебе зато некако на некој начин смирисија душичката и пренеси му на бебуш позитивна енергија колку што можеш, мисли на убавите моменти кој ви следуваат бидејќи и ти им требаш на твоите најмили.. Од срце ти посакувам побрзо да се опоравиш душевно со лесна бременост па да си се гушкате со бебуш