Во државна - Марија Јоксимович ми ја водеше бременоста од 30та недела до крај. Жал ми е шо не отидов и порано Презадоволна сум од докторката
Здраво, се извинувам што мојот коментар ќе биде малце поинаков од другите во оваа тема, но ми треба совет. Ако може некоја со искуство да пише како било за време на бременоста во однос на анксиозност и депресија? Тоа е проблем кој го имам подолго, пијам терапија, ама планирам бременост. Докторите ме плашат дека во бременост уште толку се менуваат хормоните и дека може да ми биде полошо без разлика дали сум со терапија или не. Ве молам пишете ми лп ако некоја имала/има вакво искуство. Ви благодарам.
Сличен случај сум еве . Цела недела дали по два саати ми се собираат сон. Се чувствувам како воз да ме прегазил. Знам дека не е во ред оваа моја состојба, но не можам да си помогнам. Ноќе дежурам,дење не можам од синко никако да одморам. Мислам дека паднав во депресија како никогаш до сега. Мм по цел ден на работа,ноќе мора да спие и тешко можам да пронајдам помош кај него. Тоа дополнително ме толчи. Се надевам секој ден дека од утре ќе биде подобро, но тешко.
И јас секоја ноќ сонувам тешки соништа, разни мртовци, дури некои комшии кои ниту сум ги помислила ниту спомнала со некој, како ми доаѓаат на сон незнам, и иако спијам многу станувам уморна и ненаспана.Вчера дури го сонував мртвото куче на сестра ми, го згази кола пред 3 месеци.Ваљда соништата се производ на преакумулиран стрес.Ако има некое чаре за нив, кажете.
Мојот проблем е што воопшто не спијам. Мислите знаат да ме одведат кој знае каде. И се' баш резултат на доживеан стрес, со кој мислев дека до сега се справувам, ама еве 8ми месец, валјда и хормони проработија и се насобра се. А кога не спиеме ние, бебчињата ич. Кај мене стомаков цело време е разигран.
Здраво девојки, има ли некоја искуство со грчеви во бременоста? Завчера дури спиев ме фати грч на листот на ногата и мислам дека ме држеше едно 10 мин., плачев од болка одвај пушти и уште ме боли мускулот. Петок сум на контрола секако ќе прашам ама да видам дали на некоја од вас и се случувало исто.
Nego dali vi se slucilo posle vaginalniot pregled, nekoj saat pokasno da imate sluz so krv? Ne sveza krv, onaka potemno, ne obemno. Jas sinoka prv pat na vaginalen pregled i nokeska koga bev do toalet imav sluz so temna krv. E sega dali od pregledot, dali mozebi padna mukozniot cep? Nekoj da imal vakvo iskustvo?
Иста сум и јас...пијам магнезиум и пак ги имам...последен пат ме фати додека возев...на сред улица застанав ,вклучив 4 светла и едно 5 мин не ме пуштија...и сообраќај закочив и солзи ми течеа ко што викаш
Скоро на секоја трудница и се случува ова. Пиј магнезиум пред спење и нема да имаш проблем. Јас пиев Магнетранс Дуо до крај на бременоста.
Магнезиум директ обавезно..јас по препорака од матичниот × 3 пати пијам и сега веќе немам...консултирај се со доктор за колкава доза да внесуваш
Фала ви, сега проверив во мултивитаминот што го пијам има само 40мг магнезиум така да обавезно ќе земам.
Имам јас пишувано слично искуство, јас ја изгубив ненадејно мајка ми во 4 месец од бременоста. Прво внуче ќе и беше не го дочека, како преживеав и како преживувам, ќе кажам тешко. Јас се грижев последната недела за нејзе во болница во сред пандемија, каде сестрите и докторите ме бркаа од одделението дека бремена. Искрено верував дека ќе се спаси, се надевав, се надеваше и таа. Избегнувам да мислам, од стари слики бегам како од оган. Ама сликите во главава, муабетите и солзите нејзини од последните денови едноставно се тука и секогаш не можам да сопрам со плачење. Фала богу еве сум неколку дена пред термин бебето е во ред, најдувам без врска активности, чистам, готвам, пуштам филм, емисија само да не мислам. Најмногу помагаат активности поврзани со бебето, читам за развој, исхрана, доење итн. па ми се полни срцево со возбуда. Свесно потиснувам се она што ме боли, затоа што не можам да го сменам. Не знам колку е правилно, затоа што ме стига најмалку еднаш неделно па пак плачам рикам не можам да си дојдам на себе. Јас не сакав стручна помош разговор со психолог, затоа што сум свесна за ситуацијата и тагата е нормална реакција, само во нашата ситуација не смее да премине во депресија. Секој си ги знае границите ако сметаш дека ти е претешко и не можеш сама да се избориш размисли за таа опција. Животот е таков никаков, едно дава друго зема, да не може човек раат да се радува, ама кога не можеме нешто да смениме, си тече живот понатаму прифатиле ние или не. Поздрав и многу сила понатаму, и ние сме сега родители, а тоа носи одговорност и сила за понатаму.
Мешковци дали некоја во бременост има пиено антибиотик Трицеф 200мг? 27недела Имав ковид и многу болки во синуси па сега после 2недели добив воспаление на синуси,уво,крајник.Бев на орл ми даде трицеф,во секој случај одручек ќе се консултирам и со гинекологот