Сеуште чекам јас, лажни контракции имам ќе видиме на цтг... :/ за првото не бев до последниот ден отворена во еден ден се се случи... Искрено очекував досега да бидам породена ама секоја бременост и секој порајѓај башка приказна :/
Eве цела недела и фазла сум отворена со лажни контракции сеуште нема абер, не држи многу во неизвесност
Да знам, ама веќе аман од ова лажниве контракции, за среќа не трчам на секое на болница си чекам закажан преглед ама некогаш знаат и од такт да те извадат. Треба порано одење ради ова тест за корона што е неможиш да чекаш последните 2 минути... Ќе си почекаме друго нема Во оваа математика 2+2 не се 4
Od 1h sum vo cair so puknat vodenjak, tece li tece, na priem 3prsta otvorena, bolki na 15 20 min, osven ctg i vizita nikoj nema dojdeno za pregled ili neso da znam do kaj sum.... 37+6
Ќе те проверат со пукнат видењак можеш и два дена да се бидеш па да те породат зависи колку брзо ќе се отвараш, а на визита сега не те прегледаа вагинално?
Јас кога имав појаки болки барав доктор да ме провери (не дојде доктор,ме провери акушерка ама бар ми кажа состојба). На гак се пораѓав
Јас со пукнат водењак бев 3 дена на болница затоа што не се отварав. Само треба да пратат на ехо количество на плодова вода. И јас бев цело време 3 прсти, со болки константно 3те дена. На крај сама си побарав провокација и откако ми ја ставија се отворив за 1ч. Со лесно.
Која недела одите на последна контрола кај матичната? Мене ми рече 34 или 35. Ама дека од 36 се оди кај докторот што ќе те пораѓа, не е после кратко времето пак за недела дена?
Јас баш претходната контрола ја прашав, ми рече до 38ма кај нив во ординација, после упат да ми дадат за каде ќе се пораѓам и таму да до крај. Јас 35+ треба да одам кај матичната за последни брисеви.
По 36 недела ќе треба да правиш редовно цтг. Ако кај твојот матичен нема цтг, тогаш најдобро е да одиш кај тој што ќе те пораѓа. Цтг се прави на 5-7-10 дена, зависи, тоа ќе ти каже гинекологот.
Со првото дете кај матичниот бев во 35г.н,па од 36 одма почнав на болница.Сега вчера бев на преглед и како што ја разбрав наредниот ќе ми биди последен а ќе бидам некаде 32.. Како и да е,штета нема дека на една недела 2прегледи Едит:И тогаш ми рече дека ќе ги правиме и брисевите,а се мислам да не е рано Која недела ви ги закажуваат вас?
35та недела. И мојот матичен сакаше да ги правиме порано, но јас сакав да бидат 35та, некако ми беше посигурно да бидат покасно.
Да, знам за после 36та недела. Туку ми се виде многу разлика, во 29та+4 бев на преглед, па сега да одам 35та тоа се 6 нрдели и после за една недела пак. Нели би било пологично пример 33та да одам кај матичната.. Затоа и прашав кога ви е последен преглед (пред цтг)... што знам, 34та недела ќе одам тогаш