Zdravo devojki jas sum 11 nedela i od vcera mi prestanaa bolkite vo stomak i vo gradi. Dali e normalno taka preku nok da mi prestanat.
Истово ќе го пишев - ме претрка. Се изнаплакав. Морам да одам на ехо инаку ќе завршам на психијатрија.
И мене вчера. Станав од кревет испаничена. Ама еве денес пак ми се вратија. Само позитивна мисла. Се е во ред.
Јас пак паничам од болките. 8+4 сум, имам некои слаби ко менструални болки, плус во половината. И резот од царскиот ко да ме затегнува од време на време. Капак на тоа постојано мачнини и плус запек.
Фала женски, ќе пробам вечер со компот. Преку ден само нешто суво можам да јадам, гризини, двопек, ми се лоши од самата помисла на храна. @Arababy се надевам дека ќе поминат тогаш, за синчето повеќе ми траеја негде до 17-18 недела, па на крај некој период пак ме имаше фатено со мачнини. Ама не ко сега, тогаш беа многу послаби, сега има денови вода да не можам да ставам в уста. Ќе издржиме се до кога и да се, само да е се во ред.
И мене првите недели резот ме наболнуваше и штрекаше. За опстипација варам сливи и ја пијам водата и киви. Ама мачно е ептен Нон стоп ме штрека и веќе не знам од што. @fana што паничиш? Нормално е да ги снема тие симптоми Четепналковска во Промедика види. Вчера , ми се мокреше многу, само што јадев корнфлекс со јогурт и испив чаша вода излегов на предавање некое , заглавив 3,4 саати. Таму не отидов, не ми се одеше по хотелски тоалети, башка се расправав со еден кретен кој ми го зема паркингот а чекав 20тин мин. некој да излезе, морв б6 да се напијам да се смирам, а мислам ќе ми експлодираше стомакот дури се вратив во фирма. После кога се вратив дома, ме штрекаше цело попладне доле ниско ама само десна страна , како истегнување на лигамент. Краткотрајно. Можно ли е да направив беља со тоа што стискав? Сега сум ок, еднаш двапати отсабајле.
Леле потполно истите симптоми 9+1 болки во стомак и во половината, запек и гасови, стомакот ми е подуен ко да сум 8 месец трудна. Мачнини по цел ден и некое грозно чуство во хранопроводот. Со првата бременост не ми беше вака тешко или сум заборавила повеќе од 6 години поминаа
@kalinaka Исто потполно и кај мене од прва бременост повеќе од 6 години се поминати, не памтам вака да беше. Сега и од дома работам што е олеснителна околност, тогаш работев во образование, немав мака цела бременост одев на работа. Ама и годините не се исти па..
Баш се помислив дека и во првата бременост те читав во труднички еве сега пак заедно на почеток И јас мислам дека може да е и до годините.
Добредојдовте во клубот на паничарки. И јас сметам дека цел страв и паника се должи на долгиот временски период. Кај мене 8 год.ама и возраста си игра улога. Следна недела влегувам во 8ми месец, планирам уште февруари да го изодам на работа, доколку можам. Одев и на дополнителни активности, но нив најверојатно ќе ги откажам. Како што се наближува време така мене се повеќе страв ме фаќа, како ќе поминам, како ќе биде се', уште повеќе ме загрижува големово дете,кое е страшна лепенка за мене, особено периодов, мм по цел ден на работа, јас по цел ден со него. Немаме никој близок за помош, на моите воопшто не можам да очекувам, живеат подалеку, се случија многу лоши работи и не се баш во можност. Ме плаши помислата како ќе се организираме кога ќе дојде денот, планирам да се пораѓам здравје во друг град.... И на крај, само оставам се да се одвива како е речено. Тоа што треба, ќе си дојде и ќе помине.
На моменти неможам два чекора да изодам, осеќам ептен ниско бодежи и на моменти ме здоболува 37н сум.. ви се има случено ?
Ако се кај матаката можно е бебчо да притиска со главата јас сум со такви болки ќе поодам малце и почнува да ме боли и на седење и на одење имам приметено кога мрда исто ме боли може притиска со главата. Сепак кога ќе одиш на цтг кажи му на докторот за тоа. Јас идев од 8ми месец постојано кај матичниот ме фаќаше паника ништо немаше.