Koga veke so kazuvame vakvi muabeti kazuvajte nekoe resenie za gasovi,veke ne se izdrzuva na sekoj minuta
Девојки дојде денот кај мене, утре е планот да се запознаеме со моето девојче. Торба спремна, емоции измешани, бебе клоца као едвај да чека да се раскомоти. Стиснете палци да помине се во ред, се надевам ќе напишам една убава породилна приказна по некој ден и дека ќе се читаме и советуваме понатаму во темите за бебе
Среќно мамичкаа Со лесно и во најдобар ред да помине се ти држиме среќа блиску е големиот ден радувај се ќе се гушкаш со бебуш наскоро
Со лесно, ќе те чекаме во приказните. Иако емоции те преовладуваат отспиј се уште вечерва на раат. Јас пеглав купишта. Испрани ми беа ама некако ме мрзеше да пеглам. Денес 35+1.
Јас се мислам дали да чекам 36 да перам или да си исперам едно по едно порано, после на раат да си ги средам Количка, транспортер на рака перевте или во машина?
На рака. Испери си ги, среди си ги со време. Натаму може и ќе ти е потешко да се движиш, ќе сакаш да уживаш, да се одмараш додека дојде бебуш.
Нека е жива и здрава, среќна и весела да расте Син ми се роди 2700, до 6ти месец ги стигна врсниците што беа родени над 3кг. Сега е 6 год и е баш напредно дете, меѓу повисоките деца во школо. Чим докторите рекле дека се е во ред нема потреба од грижа. Гушкајте се и сакајте се
Искуство некоја со бебе свртено странично( главата на страна е ни доле ни горе) во 33 недела? Си беше со глав надоле сега се изместило и болки ми создаде и страв и се
Количката и се останато од тие, реквизити, ќе ги користам од првото.. Баш прееска го мислев тоа дека треба и тие да ги перам. Мислам дека се вадат, морам да ги исперам.
Не е нормално притисокот да е покачен воопшто во бременост, односно притисокот не е една од оние работи што се очекува да се покачат во бременост, се смета за висок во бременост исто како и вон бременост. Не ти е многу покачен ама ако го фатиш повеќе пати (2 пати или повеќе), да кажеш на лекар.
Мешина,, јас ве напуштам после цела ннедела отворена 5см бебето реши да се роди 38 недела ) Одлично поминавме неколку сати болка качување на бокс и раѓање без проблем ви посакувам брз и лесен пораѓај барем колку мојот <3 одлични сме и брзо закеепнуваме
Во машина на 30, на рака тешко да ги испереш убаво. Мојата количка многу пати е перена и ја нема да мрдне. Алишта можеш да си испереш и стави ги во вакум кеси, може до 40та недела нема да излезе бебуш.
Да е жива и здрава Моето синче се роди 2520гр. Последно на ехо, неколку часа пред раѓање, го измериј@ 3100гр. Си напредува супер. Битно да е се во ред.