Можеш да си направиш премивка со сода или камилица. А можеш и да се мачкаш со Канестен. Безбеден е, цела бременост го мачкав.
Прво вит ц па железо, правилото важи за сите, општо кога се пие железо. Потребен е ц за да се врзе. И млечни производи избегнубај или најмалку 2 часа по железо.
Да да знам тоа, кафе и млечни производи да се избегнуваат во периодот кога се пие железо, само не ми текнуваше вит ц дали треба прд или после, таман сум направила сабајле. Од денес и јас реба да пијам тотхема два пати дневно, железото ми падна на 7 Си цица бебка железо
Дали на некоја во текот на бременоста ви смрдеше водата? Абе не можам да се напијам смрди корни. И многу гаден вкус.
Мене воопшто ми пречи промена на вода и осеќам мирис на вода, а.во бременоста како што сме поосетливи нормално е. Смени вода, пробај друга ако толку ти пречи.
Флаширана пијам истата како до сега. Ај реков друга да земам да видам дали е до неа. И со сите истото ми е. Ова после дехидрацијата ми се случи може е поврзано со тоа, се надевам ќе се стабилизира
Девојки а ТОРЧ испитување дали правевте и дали е задолжително? Или се прави по индикација и ако да кои се индикациите? мене не ми спомнал никој да испитам
Не знам како е. Во првата бременост не испитав, не ми даде матичниот. Во вторава испитав. Кај два различни матични.
Жив малер сум, фатив корона и имам јаки симптоми. Докторот ми препиша само парацетамол. Има ли некои домашни техники за намалување на температура?
Туш, облоги со ракија, здробен парацетамол и сода, оцет разреден со вода, ама скроз ти е безбеден парацетамолот да го испиеш.
Кога ми почнаа мачнини и гадење почна да ми се гади и од вода. Почнав да стискам лимон внатре и така ми стана поднослива за да можам да пијам воопшто. Пробај со нешто такво, лимон, ѓумбир, нане било што кое ќе ти помогне