Мене ми беше одвратна. Секоја... затоа дехидрирав па ми кажаа да ја пијам со лажиче како инфузија малце по малце.
Јас бев пред 1 недела позитивен, матичната ми кажа на висока температура никако туш. Можело да предизвика грчеви во стомак. Поминав со парацетамол само.
Ве молам на одговор.Правев тест за бременост пред недела позитивен беше.Закажав преглед со мојот гинеколог утре да ме види за прв пат.Но денес имав крварење не обилно при бришење.Полудев бидејќи првата бременост ми беше со крварења.Веднсш тргнав на гинеколог матичниот ми беше прва смена и не го затекнав имаше замена Ме прегледа друг доктор на ехо и ми кажа дека нема бременост во Матка празна е матката и менструација дека сум добила и утре да си видам со матичниот.Пак после прегледот земав тестови и тоа три и сите се позитивни.Утре сабајле ќе идам кај матичниот.Ќе полудам сега,што е можно да се случува.Плачам..крвот престана сега за сега ....мислење
Леле Неможеш ли приватно да појдеш? Ти треба терапија тебе одма , трудно си штом сите се позитивни тествите, да не ти се деси биохемиска…
А што е тоа биохемиска бременост..може ли да ми пишеш.Јас сега правев и веднаш покажаа поизразена цртка од првиот пат првиот пат беше победа пред недела..незнам стварно се разочарав незнам како ќе дочекам до утре
Ќе искрвариш недај боже уште пред да се развие плодот… побарај н приватно преглед да земеш одма терапиак
Иди на приватно одма да те видат, или дежурен гак, систина, ремедика...да ти дадат нешто за подршка за бременост...може е рано па затоа не гледа плод во матката
Мила и кај мене беше така позитивен тест за бременост а на ехо не се гледаше ништо тогаш матичната ми рече матката се спрема за менструација и преку крв бетата ми беше 2,5 што значи нема бременост и на крај испадна дека многу рано сум била на ехо и сум проверила преку крв тоа беше три дена пред термин на добива на менструација... Затоа оди некаде во подобра клиника што побрзо за терапија против крварење
Не сум од Скопје од помал град сум тука немаме приватни болници само државна и тоа матичниот ми беше прва смена замена на мојот доктор ме гледаше и само тоа ми кажа без дополнителни образложенија.
Во болница на гинекологија нема дежурни доктори? Таму можат да те боцнат ако треба за поддршка. Која недела иди да си според циклус? Ако е рано нормално дека не се гледа.
Девојче Закажи си со време нс приватно, Пали кола сабајле и тргај за Ск, нема што тука да се мислиш, приватните болници имаат далеку посовремена апаратура
Точно, не се гледа на секое ехо рана бременост. За првото матичниот не виде ништо, во Плодност ми кажаа и од каде е излезена јајце клетката, и колкав е плодот и жолчно ќесе се имаше.
Последна менструација имав на 22 декември,требаше да добијам на 23 или 24 јануари зашто така добивам циклуси ми доцни.Знам со сигурност дека сум забременила во период од 10-13 јануари..дали е многу рано за ехо колку сум недели незнам
Спрема последна менструација треба да си околу 6 недела, но можно е многу покасно да ти била овулацијата па затоа да е рано, но најдобро реши го ова со дежурен доктор и прва можност директ во приватна
Рано е, види во другата тема ти пишав. Јас првиот пат сега ко бев на преглед требаше да сум многу повеќе бремена, околу 7 недели. Јас бев 5та. Доцна овулација. А и да знаеш дека и од однос може подоцна да се случи оплодување, неколку дена останува во матка.
Не може толку брзо да се види на ехо бременост многу е рано, најдобро преку крв да се провери бета, најдобро појди да ти стават прогестерон депо инекција заради крварење.
Мора да почекам до утре ќе си легнам и ќе мирува утре одма на доктор.Се надевам ќе биде добро се зошто многу бев среќна кога дознав,второ дете но после пет години и бев пресреќна со душа чекав да идам на контрола и да ми соопшти докторот а не вака Имам трауми и од првата бременост крварев па терапии лежење со подршки и лошо поминав со бременоста додека не се породив.Незнам ама ме смиривте фала ви многу за секој збор и препорака и мислења.Утре ќе одам па ќе ви пишам
Ако ти е Скопје далеку, некој друг град во близина сигурно има дежурна служба (ако твојот град нема). Со добра намера ти кажуваат членките да отидеш побрзо, најверојатно ќе треба да ти дадат прогестеронска поддршка
Во околен град ако има приватна или друга државна клиника ,ако не како што ти пишале членките пали кола за ск...многу е битно на почеток ако има нешто да се даде подршка...јас прокрвавев еднаш во 5 недела неколку капки...матичниот ми даде утрогестан и до пред некој ден секој ден ги ставав а еве ме 37+ сум...не се плаши само најубаво дејствувај брзо