Јас мислам ако нема крварење повеќе подобро да се мирува до утре. Се случува на почеток од многу причини, најчесто не се загрижувачки по плодот. Пример мал хематом, или постара крв, или од самата имплантација, некогаш и нема објаснување. Од искуство на многу жени што познавам ако имале мало крварење во прва бременост имаат и во втора на почеток. @LanaDelR а да не имаш некој да ти купи утрогестан од аптека па утре да однесиш рецепт? Јас претходниот пат така направив, замолив во аптека ми дадоја па однесов штом ми даде матичен. Или контактирај го матичниот по телефон, јас се јавувам ко ќе имам потреба и на мобилен повеќето се достапни за пациентите во секое време.
И јас помислив на таа опција да земе од аптека утрогестан и да мирува. Ама реално во кола не е страшно а многу е подобро да ја види стручно лице. Во секој случај добро е ако и престанало крварењето. @LanaDelR утре право на лекар и да ни пишеш. Со позитивна мисла само
Тука сте ми најактивни па да си прашам. Ја терам 13 недела, ама од синоќа и денес повремено ми се јавуваат како менструални грчеви. Не се јаки, не се пречести ама се јавуваат. Незнам дали е нормално, знам матка се шири или да паничам?
Од кога треба да се почне да се користи масло за перинеум да се прават масажи? И дали маслата се безбедни, тоа пример на Веледа, малце шубе ми е да се мачкам таму со било што
Па ако би помогнало да не испукам на пораѓај ќе правам Не искрено шубе ми е, не знам и воопшто колку ефект има
Зашто шубе, баш е природно маслово на Веледа и е за таа намена, само треба некои 10-15 минути масажа, не да се намачкаш само (мене ме мрзи пример). Имаше на нет како се прави масажата, треба да се "тегнеш" малку.
Имаме препарати за тоа тегнење хахахаха. @pamelche и ја баш го гледав се мислам дали и кога да го земам , вреди да се проба се што ќе се слушне за полесно породување и без епизотомија.
Епизотомија секако ќе ти направат и подобро него да испукаш а тоа неможе да се предвиди па затоа превентивно сецнуваат. Јас мислам дека е маркетинг и воопшто нема да биде битно дали се правела масажата и вежбите или не. Се си е индивидуално, т.е секој пораѓај прича за себе @pamelche П.С Во тие моменти нема сигурно да ти текне еј не ми правете епизотомија јас правев вежби и се масирав нема да испукам а и докторите не дека ќе те послушаат. Најмалку на тоа мислиш тогаш
Да сите така ми кажаа така ама психава ме убива а друго е кога ќе сме таму и ќе иде се брзо и нема да мислиме на тоа.
Kolku kg nakacivte vo bremenosta? Jas sum 18 nedela a samo 2kg imam nakaceno.. Dalie dovolno ili povekje treba...
Мене ми беше езивко да се масирам. Затоа маж работеше на случај со свршување внатре. Инаку им верувам на веледа целосно, за синко тоа користев од раѓање, ако ти е само за маслото мисла, земај и масирај.
Не ни осетив кога ме сецна докторот од породилната болка, само рече да помогнам да излезе побрзо бебето, сецнал, ме турна два пати по стомакот и бебето беше надвор