@Saf нема проблем од ехото, и јас за синчето почесто правев, се имаше погодено така 4-5 пати за брзо време ко моравме да провериме нешто. Јас сум 9+1, денес имам некои чудни болки многу ниско, не се силни повеќе е ко тргање некое, ко да ме влечи на секунда нешто внатре. Подолу е од матката и од јајниците не знам дали е нормално?
Можеби е од ширење на матката,ако ви е втора бременост порано почнува да се шири,јас имав болки странично долу како да сум истегнала мускул кои ми почнаа во 12та недела отприлика. Но најдобро да си се јавите на гинеколог ако мислите дека нешто не е во ред.Јас утрово се разбудив со мокри гаќи и од паника одма отидов кај гинекологот за да ми рече дека сум се подмочала најверојатно
Здраво. Пишав во друга тема, но, бидејќи оваа е поактивна пишувам и тука. Бремена сум 6 недели (според големина нс плод, 7 според циклус). Денес ми се јави крварење и бев кај матичната. Ми кажа дека плодот има срцева реакција, расте, но, сакусот или гестациската кеса не.. Ми ги прекина аспиринот, и ме боцна со прогестерон депо, а утрогестанот да пијам 2*1 наместо да ги ставам вагинално. За 1 недела пак да ме боцнат со депо, а за 2 недели на ехо.. Мирување, и тоа.. Дали некоја од вас имала вакво искуство да сподели и да ми каже какво е вашето искуство? Што мислите од што настанува ова, и како да си помогнам? Да лежам само на грб или може и на страна?
Мешковци да не знаете случајно цена на фемибион 2? Пред пола саат се вратив од аптека ми е мака да се враќам, им ѕвонав на телефон не креваат.
Пак јас, оваа бременост уште на почеток ме исцеди, незнам до крај како ќе терам. До пред една недела водев борба со мачнини, како престана гадењето и ми се врати енергијата, така почна глава да ме боли. Еве веќе цела недела секој ден, баш се погодив на контрола пред некој ден, матичнава ми вика мери притисок. Секој ден мерам и ок ми е 120/80 или 110/70, во принцип имам низок притисок така да мислам дека ова е ок. Пијам бедоксини или б6, ама не помага, магнезиум 3 пати на ден од 250мг, ама и од тоа ништо, кока кола со лимон, некако се ми е џабе. Има ли некој да поминувал низ слична ситуација и како да ја решам зошто ми доаѓа да си ја извадам главава од раменици
Фала ти на брзиот одговор, пиев прееска парацетамол ме подсмири, ама еве сега пак. Излегов да шетам сега па вајда ќе се смири
Си пробала со кафе? Мене само од тоа ми поминува. Пијам по 1 на ден само поради главава, а ич немам желба за кафе. Со сила.
Јас сум со мигрена. Затоа прашај си ти за сигурност. Мене ни тие не ми помагаат. Па завршувам на дежурен.и таму аналгин ми ставаат.