Може крвен сад си погодила не е страшно, тие се поткожни игли со големина која како и да ја ставиш нема никаква штета неможе подлабоко да отиде, како ти беше поголема иглата тие се иста големина сите поткожни игли.
Имате искуство со бебе до 33 недела со главата надоле, сега се изврте бочно па карлично... Се пренервирав може да се сврти или да си се спремам за царски?
Секако на своја рака нема да зимам. Него не сум на преглед наредни денови, па да добијам тука инфо. Над која тт се пие парацетамол? 37.5 или 38?
Женски , дали само јас сум ваква паничарка ...полни 23 недели сум...од вчера како да чувствувам некоја тежина долу - ниско , а и бебенце од вчера многу поактивно ,цело време претка...плус приметив почесто мокрам иако не пијам многу течности...до сега на 2 недели одев на ехо ,сега мислев да паузирам барем месец...на 21 дури имам закажано...ама не сум мирна...абре за никаде сум...ако не го чувствуваш често - зошто ,ако е поактивно ,пак зошто..оф..се надевам нема простор за паника
Истото е и кај мене, јас сум 21 недела, денес посебно не знам што акробации прави внатре Јас бев пред 3 дена на преглед, се беше во најдобар ред. Ваљда сето тоа е нормално. Уживај мама
Девојки, 28 недела сум и осеќам доле кај десниот јајник како некоја тапа болка какп да ме притиска нешто па ме пушта, пијам магнезиум и добрастон, дали некоја од вас се соочила со вакво нешто?
За царски. Иста ситуација имав остана така до крај. И матичниот и на болница двајцата доктори ми кажаа дека минимални се шансите да се сврти пак со главата надолу.
И мене ми рекоа има надеж ама не голема ама пак се молам до 36 недела да се деси некое чудо ако не царски... Имав лесен прв пораѓај и си мислев сега уште полесно ќе биде
И мене матичната ми рече за царски ради притисокот, се пренервирав. Ич не сакам царски ама тоа е... Некоја да каже искуство со притисок и пораѓај?..... Јас сеа сум на терапија и среден ми е.... 29+2 сум
Јас имав со едното дете такво искуство. Карлично беше, ама после си се сврте со главчето надолу, точно како што треба за природен пораѓај (иако од друга причина завршив на царски). Без грижи, многу се активни бебињата тој период, има време до крај за местење.