Со оглед на тоа што првата бременост ја почнав со 60 кила и на царски отидов со моменталната тежина од 75 кила .....
Со оглед на тоа дека сум малку повисока а многу подебела од тебе, ти кажувам дека килажата ти е супер. Да, со 5-10 кг помалку можеби имаш идеална линија ама дебела е тежок збор. Јас со тросифрен број отидов на царски. Твојата килажа ми е идеална.
Некоја од вас да имала искуство со пресилни болки во задниот долен лев дел од главата (кај увото), висок притисок, брзо срцебиење и носење холтер? Не знам што од сето ова е поврзано едно со друго и што да мислам веќе, допрва сум на прегледи и испитувања зашто не знаат што ми е (особено болките во главата), па за секаков одговор би била благодарна
Имаше инфо од овие денови дека од ГАК сите негативни ги препраќаат во Чаир, и овде се пишуваше истото. Денес од сестра вработена таму дознав дека не е точно, дека само доколку нема место препраќаат во Чаир
10+ меше почна да се познава, ама и онака си имав меше + подуеност сега и одма се примеќам дека сум мече
Другарка позитивна летоска се пораѓаше на ГАК и знам дека бил посебен дел за ковид. Не ми се верува нешто да имаат сменето. А тоа ако нема место на ГАК од секогаш ги препраќаат во Чаир.
Ти благодарам на одговорот. Гледав у странство користат од спрејот Dermoplast и барав некоја замена за кај нас само него го најдов ама подобро да оставам така според твоето искуство.
Читав некаде дека измивање со физиолошки е спас за по природен пораѓај. Инаку спрејот мене ми е добар за рани. Изгледа зависи од организам до организам. Во болница кажаа папоче да чистам само со алкохол и ништо друго. Подолго му остана сукрвица откако падна папочето која со неколку ставања бивацин ја снема значи веднаш се засуши.
Различни спрејови се, дермопласт е локален анестетик, другиов е антибиотик. И јас би само со сапун и млака вода, освен при потврдена инфекција.
Ова е од пред неколку денови, кога ако не се лажам во еден ден имаше 44 позитивни родилки (не ме фаќај за збор).
Јас кога лежев на Гак примија една жена вака со проблем како твојот, крварење и многу јаки болки,позитивна бета а плод не се гледаше на ехо.Неа матичната ја имаше испратено и и рекла дека е вонматерично сигурно па затоа не се гледало да ја исчистат,кога ја задржаа во болница не и направија интервенција одма докторката сакаше 2 дена да проверуват бета да следи дали се дуплира и секако излезе дека бетата си се дуплира, дека плодот не е надвор од матката туку е прерано да се види на ехо и фала богу што не ја исчистија денот кога ја примија, така да најдобро е да следиш вредности на бета дали ќе се дуплират и секако не чекај дома оди итно на лекар.
Мешиња, пред некое време читав дилеми за клексаните во групава, па информативно пишувам, бидејќи вчера имав "обука" за боцкање со медицинска сестра па да споделам знаење. За трудници со големи мешиња не е препорачливо боцкање во меше, туку во надлактица, кај мускулот. Прво се боцкаш под 45 степена (пажливо да не го стиснеш шприцот), па откако ќе влезе цела игла, се стиска течноста. Воздухот никако не се истиснува пред вбризгување. Се надевам дека на некоја ќе и послужи ова.
Мене ми е прва бременост, моментално 19+4, буквално во овие 4 дена почна да ми се познава минимално труднички стомак така да уживај
Имаат ли некаква врска д димерите и хемостазата со бебето, во смисла негово дишење и слично? Последниве неколку дена многу е мрзливо, воопшто не се движи дури и кога го закачам. Благо, сокови, кафе, се ми е пробано.