Кога ке влезеш во 9ти, секоја недела по еднаш се одело, така ми кажаа мене последниот пат кога бев, е сега дали сите одат немам поима ...
ние во исто време ке почнеме да спремаме за бебушките, тамам за на зима, сега нависитна ние рано инаку за осекањето на бебето и кај мене е различно секој ден... пред некоја недела осекав само како нешто да ме скокотка, па после една недела ништо ама еве веке неколку дена го осекам и тоа убаво во стомакот и тоа околу папокот, а се мислев имам гасови осекам како да ми пука нешто внатре дури сношти откако се истуширав немате појма колку се осеќаше изгледа му годи топлата вода дури и мажево кој цело време стои со раката на стомак за да осети сношти за прв пат и тој осети и ваква му беше фацата конечно и јас осетив ми вика ... така да само позитивно ке осетиш, јас највеке го осекам на вечер...
Јас кога сум раздвижена на работа со луѓе ништо не осеќам, ама затоа кога сум сама и кога одмарам, мислам дека гимнастичар имам во стомак. Исто, највеќе околу папокот го осеќам и имам чуство дека детево прави салто цело време и кога гледам тв,обавезно имам рака на стомак и го осеќам како удира точно кај раката.... Абе убавини.. се топам
Мешенца не се секирајте за мрдањето на бебето , јас порано бев опседната со тоа цело време само тоа си мислев дали ке мрдне ова она.. ама кога попорасна малку и кога почна целиот стомак да мења форма е тогаш си викав па еве ова си мрда што сум се засекирала па јас. Многу е интересно целиот стомак се подигнува нагоре па се поместува лево-десно , кога го гледате самите а и некој од страна кога гледа многу е интересно.. Затоа не се секирајте во последниот месец мрдањата стануваат и помалку болни ама се е тоа слатка болка нели
јас на цтг прв пат бев на 37 недела , и тоа 2 дена пред да се породам . Тогаш они приметија нешто и ме држеа во болницата 4 саата на апаратов и навистина е досадно да дремеш ахах ама тоа е мора
Тука па воопшто нема одење на цтг. Дури и во 9ти месец еднаш на две недели конрола, крв, мокрача, мерење колку пораснал стомакот и тежина и слушање на срцето на бебето. Цтг кога ќе им одиш само на пораѓај. Се преоптеретував порано повеќе, ама ако нема некоја потреба, зошто да се мачам појди дојди. Ако тие сметаат дека треба, е бога ми ској ден ќе идеш, ако не никому ништо и се гледате за пороѓај. Ајде Јуник ма гитла од тука. Ајде уште недела дена чекајте ме и мене со новости
Јас не одев секоја недела. На прво и единствено ЦТГ бев дента кога се породив, а пред тоа само контроли си правев.
Пред една недела кога бев во Чаир чекаме со мм да дојде докторот и една сестра ми вика, “правеше цтг“, викам нее, “ајде на цтг“ ми вика, ама викам за преглед сум, “мора душо и цтг“, абе рано ми е викам, па после 4мин се убеди жената дека ми е рано за таму. А мм се смее , се живо пуштаат на цтг, уште малку и мажите, за секој случај Многу работи кај нас се прават поинаку од странство, да не знае човек понекогаш што е право што не е. Јас повеќе ми е да знам од кога се почнува, зошто имам доста зачстени лажни контракции.
Да ве прашам мамички дали некоја од вас има пиено антибиотици за време на бременоста на пример сумамед, еутромицин препишани се од доктор ама малку повеќе ме плашат упаствата што на секое пишува не се препорачува за време на бременост...знам дека докторот не ми е од вчера и не би ми препишал за да ми наштети ама па од друга страна сакам да слушнам некое ваше мислење или искуство со ова.Ви благодарам однапред
имам јас искуство со тоа карлично поставено бебе керка ми беше карлично два дена пред пораѓај а бев 14 дена над термин и се сврти значи после термин после 14 дена не се плашете може за 3 минути да се сврти. најдобро ке било за гинеколог да се мажиш хахахахах и за поклон на свадба еден ехо апарат да ти донеселе аххахаахх
Ако се омажев за гинеколог , ќе си имав , немаше потреба да се трошиме ова предлог за сега да си купиме Лично од антибиотици имам пиено само Цефалексин, но имам читано дека на многу трудници им даваат Сумамед, значи нема проблем да се користи во бременост.
Абе мајки, Уник поготово ти, шо чекаш, ете ја и братучетка ми се породи тебе никаде те нема. Даааа, станав тетка на моето 15то внуче, од прва братучетка е ова, ама исто ко сестра ми а го родила
Добро утро мешиња.. И мене ме има па ме нема, но одкако си дојдов дома секојдневно со луге, наваму-натаму и кога ке останам сама и преуморена, одма легнувам и заспивам.. Би сакала да им посакам добредојде на сите нови идни мамички и лесна и убава бременост.. Имам едно прашање до вас зашто и јас сум во двоумење.. Утре сум на свадба, па се прашував дали да облечам штикли (не планирам да се разиграм нешто посебно, може некое оро само за да не се заморам премногу) .. Но нели викаат во бременост не се препорачуваат високи потпетици, и јас одкако сум трудна немам облечено, но дали мислите дека е штетно да се носат воопшто или нема да смета до толку една вечер да поминам со нив?? Поздравче до сите и ви посакувам убав ден
Нема врска, се носат високи потпетици зошто не би се носеле, јас бев пред некоја недела исто на свадба и носев високи штикли и ништо не ми беше, повеќе седев , не сум била на нога цело време. Исто така и моја другарка цееела бременост ја помина со високи потпетици и тоа баш високи, таа општо само високо си носеше, ниски чевли немаше дома, така да без проблем си носи , не е ништо страшно , а ако е и за еден ден само, тогаш уживај максимално
Да, штиклите не се препорачливи за секојдневна употреба, бидејќи лошо влијаат на рамнотежа во одење и зголемуваат појава на отоци, ама за неколку саати седење на свадба, ништо не може да ти бидне. Јас надвор одам со балетанки, ама во канцеларија си чувам едни салонки со штикла што си ги носам од време на време по потреба.
Не претерувај со стоење за да не ти отечат нозете. А јас би ти препорачала да ставиш пониска штикла, чисто за твоја сигурност и удобност.
Mamicki samo sto se vrativme od kontrola,sega sme 8 nedeli i nekoj den.Srcenceto na bebusot si cuka .Za 2 nedeli ke pravime krvna slika,urina i brisevi.Sakam da prasam dali nekoja od vas znae sto znaci ova kratenka od majcinata kniska GS/CRL/BP mi pisuva 36?! Imajte prijaten den
Што да правам не сака зверчево да излегува и готово.. Ангел нека ти е жива и здрава внуката, голема да расте Јас денес одам на ЦТГ и контрола , се надевам добро ке поминеме