Синчето баш тие недели се качи горе и таму беше до крај. Главата му беше над папок, се чудеше докторката на прегледот пред да се породам. Има време и за да се спушти долу.
Знам на крај е многу незгодно, кај мене стапала се гледаа на стомак ко ќе се преместуваше плус киселини и тахикардија од што беше горе кај дијафрагмата наместен. Последните недели се намалуваат малку движењата, ептен ко ќе е тесно.
Здраво труднички 17 недела сум, од денес сум Ковид позитивна и со симптоми : главоболка, сушење на устата, кашлица (не сува), болки во коските... Пијам фемибион 2 + магнезиум со б комплекс, цедени сокови, супи. Може ли некој совет/ искуства. Што пиевте, колку дена ви траеја симптомите..Во паники сум. Фала
Со лесно,јас минатиот месец бев во 25недела.Освен витамините премама пијам јас,ми дадоја само плус д3 на пливит по 5капки и витамин ц.Консултирај се со гинекологот.Испитај си крвна слика,црп,лдх,ддимери Едит.јас имав сува кашлица,пиев сируп алтеа од бел слез,инхалации со физиолошки,ама на крај по 10дена заради воспаление на синусите завршив со трицеф 10дена
До вчера бев во изолација ради ковидов, пиев чај со лимон секој ден и два пати парацетамол само се напив, си пимина сам од себе после 4 дена. Уште кашлам, може некој сирум да пробаш на природна база, јас не пиев зошто повраќам. Овој бран сега што е држи седум дена нсјмногу, може и побрзо да поминат симптомите, пиј си витаминчиња, чајчиња, супи и со лесно мајка
Да ве прашам што пиете кога сте вознемирени? Јас од ко станав сабајле сум нешто вознемирена, а ни самата незнам од што, едноставно нема причина. Пиев сабајле магнезиум од 250мг и б6, на ручек пак б6 и сега повторно магнезиум и б6. Капак на се прочитав на фб една вест што ме растревожи дополнотелно и сега мислам дека срцево ќе ми излета.
Не знам дали е универзално правило ама кај мене така искочи До последно ми скокаше низ цел стомак и еве го дечко од 21 месец, само денеска падна 5 пати. Др'ж се
И овде да пишам... Бев на контрола 36 +6 бебе одговара за 38 +5 3350 кг на цтг нема болки . Ме виде вагинално вели омекнато грлото дека било и дека како да било 1 прст отворено и дека ќе било за неколку дена. Сега не оти било повисоко да се подспушти рече. Некоја слично?
Што означува од извештајот НСТ-реактивно? Денес конецот ми го извадија, докторката ме прегледа вагинално ама ништо не рече. Цтг е мирно. 36+4 сум денес