И јас сум почеток на 4 и мене веќе се ми е кнап Јас минатиот пат кога бев бремена зимав еден пошорок ластик од Еми џиџимиџарницата и на шнајдер си носев фармерки, панталончиња што си ги носев до тогаш ми го отпаруваа самиот каиш од нив и го ставаа ластикот и така си ја истерав цела бременост. Може на некоја од вас ќе ви се најде искуствово мое, не за друго изборот за труднички е мал и мене ретко што ми фаќа око, а вака ќе си најдеш нешто барем што ти се допаѓа и за 100-200 ден плус ќе си го направиш трудничко
Јас многу рано почнав, уште во 3 месец си купив хулахопки, фармерки и хеланки. Ме стегаше се и не ми беше лагодно. За дотерување ме збираше и некоја сукња нешто, ама не ми беше пријатно. Јас општо мразам да ме стега облеката, секогаш ми е полабава. Индивидуално е
Моја препорака само да не го купуваш лесниот лосион ПХ5 зошто чуден е некако, како филм ствара одозгора и како да не упива некако, што знам. Мислам има и класичен и rich ако не се лажам.
Девојки читам дека сте спомнале инфекции, па и јас да се јавам. Испаднав позитивна на кламидија, гинекологот ни даде антибиотик на мене и сопругот, се надевам ќе се среди. Туку кога прочитавме како се добива малку бевме во шок, односи имаме буквално само еден со друг. И двајцата се погледавме малку сомнително хаха, ама 24/7 сме заедно, можам да се заколнам дека не е од трет Нема некое дополнително објаснување како може да се добие, а прочитав и за други што имале ваква ситуација. Некој со вакво искуство, да му се десило истото?
Имаш слика кој да го барам? најдов, овој да не го земам значи @Ivonan@ дада, да се искористи попустот
На мене ми се појавија во бременост уреаплазма и кламидија неколку месеци пред да забременам правев брисеви чисти беа . Јас не сум имала друг партнер мојов тврди дека не ме изневерил веќе 9 год.сме заедно единствено останува што бевме на спа и таму да сме се "усреќиле". Докторка од патолошка на ГАК ми кажа 90% од други партнери 10% од спа.
Да се надоврзам со прашања, 14+4 сум кај половината кај стомакот кога ќе движам што боли па почнаа и ципите, нормално е за ципите олку рано?
Направете испитување уште еднаш, може да е некија грешка. Мојата пријателка исто испадна позитивна на кламидија, па излезе грешка било во лабораторија. Ако сте сигурни дека не сте менувале партнери повторете ги брисевите.
Дада знам, ради тоа прашав и ги земав сега. Баш се исплати и тоа маслото зс стрии го зедов. Се од еуцерин е намалено
Јас не се разбирам, но најдов на интернет. Затоа што никој друг не пишал, но се надевам ќе има одговор наскоро од некој со искуство да го потврди ова. Реактивниот резултат на тестот без стрес покажува дека протокот на крв и нивото на кислород се соодветни. Ќе го прикачам и линкот од целиот текст https://mk.koshachek.com/articles/test-na-fetusot-bez-stres-nst-ili-kardiotokogram.html
Мене доктор ми има кажано ако има потреба и до 1000мг е дозволено магнезиум. Јас лично,10-13 недели пиев два пати на ден од 375мг прашокот. Заради скратен цервикс