@Marsic честитки, да е здраво и живо. Да прашам, зошто 6 месеци да е поминато од вакцина за ковид? Јас по 3 останав бремена. Има некој ризик?
Јас после 4 мессци од вакцината останав трудна а на сопругот му беа поминати само две недели од неговата вакцина и тогаш се консултирав со неколку гинеколози и ми рекоја да не се секирам нема да е проблем Сега сум 23 г. н и фала богу се е во ред до сега
Јас втора доза примив крајот на август, а останав бремена на почетокот на октомври. Никој ништо досега не рекол дека тоа нечини.
И јас со вагиналетиве во последно време исти случај како тебе. Едвај. Буткај, буткај и после пак ми доаѓа на почеток.
Мене ми рече почекај месец два антитела да се напраеле и може еден куп има меѓу две вакцини или офма после 2ра доза, ништо страшно
Во бременост го немав тој проблем али затоа некаде крај на ноември кога почна косата да ми паѓа ненормално до минатата недела не престана од дебел реп стигнав да ми се познава темето на главата. Мислам дека ми помогнаа едни ампули што ги земав од ДМ 77 ден се се ставаат после миење, на ампулата пишуваше нешто плацента. Кога ќе купам пак ќе ти пратам да видиш кои се.
Мислев дали има некои апчиња, витамини. Да го прашам матичниот следен преглед ако не заборавам. Знам братучедка ми кога почна да дои уште бетер и попадна косата па и препишаја едни апчиња од бугарија ги нарачуваше и косата пак и порасна. Ама не и текнуваат како се викаа апчињата одамна беше тоа.
Имаш по аптекиве од повеќе фирми као витамини за коса али немаш потреба за такво нешто според мене затоа што претпоставувам веќе зимаш пренатални витамини.
Ајде една малку поубава тема Што мислите за gender reveal parties? Се почесто гледам дека и кај нас се применува, иако мислам дека е американска ствар. Маж ми не сака такви според него “фешти”, јас сум на мисла што и дали да правиме Некако неодлучна сум, неутрален ми е ставот, па да видам ваши мислења Сте правеле, планирате да правите?
Да, правев за првото и беше повозбудливо отколку кога соопштив дека сум бремена Посебно дека е машко, а кај нас сите женски и сите имаа желба за внуче. А сега сите навиваме за девојче. Мене не ми е важно дали е америчка, битно ми е дека си направивме убав спомен со видео и баш се гледа радоста
Мислам дека е нормално, кај многу трудници е така (и кај мене исто ). Најверојатно игра улога и заморот, пример после работа не останува енергија за ништо друго, па ни за односи. Плус ако немаш редовно, најверојатно така ќе ти биде секој нареден пат.
Не сум правела и нема да правам. Многу пари ќе ми летнат за џабе. Кој си има пари нека си прави, убаво е. Вас во бременост што ви паѓа косата треба под итно да најдете решение за тоа затоа што откако ќе се породите ќе останете без коса. Толку многу паѓа што е неверојатно.
Здраво, Бидејки црп-то ми е цело време високо иако пијам антибиотик докторката ми препорача да направам: Lupys antitela Antifosfolipidni antitela Reuma faktor. Дали знаете каде можам да ги направам,барам секаде по приватните лаборатории ама не ги прават овие анализи а итно ми е.
Реума фактор прават во биотек сиурно, мајка ми проверуваше пред 2 недели. А за другиве не знам јави се прашај.
Оди на ревматолог, они ке ти ги направат, дел се прават на ревматологија дел на трансфузиологија.Јас ги правев пред 2 недели.Матична нека ти даде приоритетен упат за ревматолог или оди приватно.