Тоа не ти е за породување сигурно, тоа е мито. Кога јас бев бремена донесоа една одлука да не се наплаќа ништо за бремени, а после 1 месец донесоа одлука и за оние кои што немаат осигурување. Знам бидејќи јас првите месеци немав осигурување и само 1 платив крвна слика а после ништо не плаќав никаде и кога бев на ГАК кажаа дека ништо не се плаќа. Исто така за породување утре пред 12 години на ГАК сестра ми не плати ни 1 денар. Така да не се будали да даваш пари, ако ти речат нешто кажи им дека бараш прво пресметка после ќе плаќаш. Секаде се плаќа после болничко лечење, тука спаѓа и породувањето, а не отпосле, така да некој сака да те зезне. Многу се напнувам на вакви приказни, многу!
Дали може да се осети ако цервиксот почне да се отвара Синоќе неколку пати ми се стврдна стомакот и кичмата ме боли многу, што претпоставувам дека се лажни контракции, а од сабајле имам некои болки вагинално како истегнување(?) и нагон за нужда , не знам како да ги опишам Во петокот бев на контрола, но доктоката не ме прегледа вагинално, само брисеви што ми зема и обично ехо ми направи. Наредна контрола ми е последен преглед кај матичната, 37+ кога ќе бидам, прво цтг и ехо. Многу се плашам да не се отворам предвреме 35+3 сум
Ако имаш контракции на 20 10 5 мин тогаш почнува. Ако ти се затега стомакот е како лажни и ако не се на ист интервал кичма може да те боли дека бебчо се мести полека полека нормално е И на ехо може да види дали бебуш е спуштено или не ја кога бев на последното и брисеви ми зема и на ехо ми рече има уште 5цм да се спушти и плус ме прегледа дали сум отворена сами барајте и прашувајте нема да ви кажат не се плаши додека не почувствуваш болки на 20 10 5мин ист интервал да се не се плаши и следен пат прашувај си или ако ти е страв отиди кажи и дека сакаш да те прегледа вагинално дали си отворена готово да не му ја мислиш.
Па не побарав бидејќи не осеќав ништо и си реков рано е, сега што почна да ме боли така ниско и вагинално и се исплашив да не случајно сум почнала да се отварам. Иако нели, не е ни страшно, со 1-2 па и повеќе отворени може да се тера со недели. Чисто ме интересираше за дали тоа може да се осети Инаку за контракциите не се плашам, амо синоќе што ги осетив знам дека се лажни.
Ти се стврднува стомакот некогаш цел некогаш на едно место како да се “истртува” бебе , не боли ич ама сепак се осеќа .. мене овие денови баш ми се зачестени лажните како да нема место да мрда се осеќам ..
Па и јас такви имам, не знаев дека тоа се лажни контракции Мене вчера цел ми се стегна и малце болно и непријатно ми беше морав да станам да се раздвижам.
Не ти правеа цтг сега кога беше у 35та , читнав погоре дека у 37ма ќе ти прават? Мене ми кажа сега у 36та ќе провери плодова и прво цтг ме фаќа паника уште сега хаха
Па не, пловода вода има доволно, а за цтг оти и кажав дека не осеќам никакви контракции рече дека нема потреба.
Дали некој знае дали некоја од приватните лаборатории во Аеродром има склучено договор си фзом, односно можам да испитам крв/ скриен шеќер со упат од матичен гинеколог? Знам дека во Авицена може само во Тафталиџе, Синлаб исто некаде Капиштец/ Тафталиџе може ама во Аеродром исто не работи со упати. Некој да има искуство со друга?
Работи Синлаб Аеродром со упати, можеби проблемот е што апаратурата е на Јужен булевар, па затоа е потребно да бидеш присутна таму за испитување на скриен шеќер. А за обична крвна слика гарантирам дека можеш и во Аеродром, јави се прашај за шеќерот.
Па јас мислев бебето се истега, јас цело време имам такви "истегања" стомакот ми менува форма и на двете страни лево и десно како да излегува газе од бебе Тоа се лажни контракции? Јас не обрнав внимание, не ме боли, само како затега како бебешки долг удар
И дали сеа сакате да кажете коа ќе ми се затегне стомак јас го галам мислам газето на бебето, јас уствари си галам некој мој мускул стегнат Секоја чест за мене
Да и тоа се лажните контракции кога останува така неколку секунди, ама бебуш е нема друго што да биде хаха И јас си ја галам така