Идни мајкички, има ли некоја што оди периодов на цтг во ГАК, неделава сум кај матичен на цтг после продолжувам на ГАК. Каква е ситуација таму?
Девојки дали некоја од вас ги има користено? По завршување на првото тромесечие, матичниот овие ми ги препиша. Што користите вие?
Јас фемибион. Оваа фирма мислам дека плаќа големи провизии на докторите. На неколку луѓе во терапија и вакви витамини им препишуваат. Квалитетни се ама ако не ти одговара цената земи си други.
Јас ги користев, исто по препорака на доктор ама сфатив дека има и подобри со поубав состав. Јас користам Pregnazon Complete.
Не живеам во Македонија, тука ми дадоа Emovate cream. Да мене ми почна на препон, мислев гливично е но и после третирање со Канестен само полошо бидна, препоните ужас ми беа, по нозете се прошири, на половина, на раце, деколте, и тогаш ми дијагностицираа дерматитис. Одма кога почнав со терапија почна да се повлекува. Е сега уште мачкам на препон два пати неделно зашто не е целосно повлечен, но минимално ставам бидејќи е ризично местото.
Јас инаку пијам фемибион, а некое време пиев од овие бидејќи и останаа на братучедка, ама ми се лошеше малце од нив некако потешки ми беа за пиење од фемибионот. Овие малку се поевтини, околу 700 и нешто, за разлика од фемибионот 1050.
Здраво, имам минимални болки од лева страна 13+ сум и малку ме фати страв, паника не знам што знам дека велат лигаменти ау ама не знам како да ги смирам мислите… брисевите ми се во ред. Дали сте имале вакви болки?
Веројатно затоа што се става спекулум и "чепка" таму доле. Ама јас му верувам на докторот дека нема ризик кај уредни бремености. Јас немав никакви проблеми по пап. Мене и ми е чудно затоа што не препорачуваат кога слично е земање на брис и пап.
Јас сум 15+, и јас имав и тука кревав паники И сега ко ќе ме фати некоја болка прво мислам на најлошото, а после тоа контам дека е нормално. Ама изгледа вишакот на слободно време( барем мене ) ќе ме мрдне додека стигнам до пораѓај