Буквално е така и кај мене мора да најдам нешто да се занимавам ама ова со мисливе и што се ми поминува низ глава страв да те фати Се надевам се е океј и дека е нормално ❤️
Ете ме и мене како вас.. Ако ме боли, леле да не не е во ред шо ме боли? Ако не ме боли и немам никаков симптом" Еее зошто сега ги нема, во ред ли е? " Хахаха Луда жена
Јас одам на контрола, ме убедува матичнава дека се е супер, тестови, брисеви, ехо се што сум правела до сега е фала богу ок, ама пустото бе се нешто пак си наоѓам да си измислам. Дај нека огрее сонце малце ќе не разведри, подруго ќе биде мислам
И јас сум во тие паничарките, 11+ сум. Уште се немам израдувано како што треба, само чекам преглед, малку ке се опуштам тогаш и утре дента пак со нови црни мисли. Еве сега во среда сум на прв скрининг кај Димчев, со душа чекам да дојде денот. Него кога почна да ви се познава стомак? Мене ми се направи баш трудничко меше, кога носам тесно баш убаво ми се познава, нели е малку рано?
Кај мене си имаше меше и претходно Ама на крај на 3 месец почна да се затега Те молам ако не е проблем да ми кажеш колку време однапред закажа за кај Димчев? Јас крај на март ќе бидам за 2 скрининг и сакам кај него, па да знам да планирам кога да се јавам
Јас денес многу паничам. Обично немам толку активност, работам од дома, а мм го носи и зема малиот од училиште, ама денес не е слободен, па морав јас. Не знам колку пати слегов и се качив по скали, а сме на 4ти спрат, плус на курс го носев сега и морам после да го земам. Имам болки што до сега не сум имала, многу многу ниско странично, еднаш лево па десно, дури како под јајници иди болката. Не се многу силни, траат неколку секунди и после ко ништо да не било. 11та недела сум. Дали е нормално или да паничам? Ме плаши што е толку ниско.
@Black girl и јас имам правено пап. Го правев заедно со брисевите. Еве брисевите ми беа скроз чисти а на Пап имаше ндкое мало воспаление. Ништо опасно ама го покажа. Затоа сметам дека добро е и пап да се прави. Ако немаш правено во скоро време.
Закажав уште пред 3 недели, крајот на јануари од страв немој да нема термин. Ама скоро цела недела беше слободна си бирав сама ден и час
Си претерала денес и затоа боли, не би требало да е нешто сериозно. Напиј се бедоксин и магнезиум. Пап и јас ќе правам во 28ма недела. Матичната рече еднаш годишно обавезно пап без разлика имало немало бременост. Последно сум правела во април 2021, па сега морам во бременост да правам.
@kristina.k најверојатно се лигаментите на матката ,како што опиша странично. Ми се случува и мене , и тоа и денови кога одмарам.
Ми текна друго да прашам Мајчина книшка дали ви дадоа? Дали се задолжителни? Јас со првото имав, ама кој и кога ми ја даде поима немам од дамна беше Друго, ми спомна матичната да сум си извадела крвна група на трансфузиологија, ама се занесов на излагање и не прашав упат од кај неа треба или од општ матичен за тоа
Иста сум и јас денес, изгледа претерав со движење дури и сукрвица имав. А за болки и јас долу ниското како што кажуваш само кај мене повеќе на лева страна боли. Изгледа ќе треба повеќе да одмараме.
Женски здраво,дали некоја има искуство со дијареја во бременост и како сте ја лечеле? Веќе неколку дена ме мачи што и да каснам одам во тоалет