Еве и јас не спијам па да ти пишам Мене градите знаеле и 2 недели пред добивање да ми бидат ужасно болни, да неможам градник да ставам, така да 5-6 дена пред добивање според мене и не е рано за да реагираат. Е сега истите симптоми се и за добивање и за бременост, така да...ти посакувам да е второво
Dobro da, gradite i mene me bolele taja, mene stomakot mi e cuden haha, sekoj den imam tapi bolki vo dolniot del na stonakot i na kicmata ne traat po cel den tuku odreden period
Земате некој суплементи за железо? Вообичаено од нив доаѓа до запек, но некогаш кај некој може да дојде и до тенка столица.. Исто и витамини некој ако земате. Што пиете?
Мене во 1 бременост ме зезна матичната. Помина повеќе од година дена и рече мора пап во 12та недела. Направив и првпат у живот покажа некое хпв. Паника па трк во систина кај Ивановски. Човекот се зачуди рече каков пап во бременост? И сега шо знаеме, ништо. Ни кој тип хпв , нити смееш хпв типизација да правиш. Ми рече пап после породување и тој излезе чист немаше ништо. Е сега правев во мај. Матичната друга песна. Ели пап нема само брисеви, пап не се прави во бременост , не би да те гребам доле . И да сакаше немаше да дозволам. Ќе си правам после породување.
И јас имав закажано на 09ти па ми го откажаа терминот мо рекоа дека е болен и дека 2 недели ке биде отсутен.
Исто и кај мене. Ми дојде време за пап, а јас останав бремена. На првиот преглед и кажав на докторката, вика нема да правиме пап сега, тоа е тоа, само микробиолошки. Ако памтам добро ми рече џабе е да правиме и да покаже нешто не можеме ништо да направиме.
Не сум била само имав телефонска консултација со гастроентерохепатолог зашто ми беше забрането движење од сам почеток. Мисли дека се хормоните во прашање. И да дојдеш, ми кажа нема што да ти правам и како да те прегледам. Тој период каде што беше регуларна столицата беше за време и после серклажот, ми беа дадени антибиотици, па се мислам дане тие помогнаа за нешто.
Од терапија земам Метилирана фолна 1000мцг Метилирана б12 1000мцг Пре мама Бекомплекс Магнезиум 2х250мг Аспирин 100 1х1 Клексан 0.40. 1х1 Еутирокс 25мг половинка Прогестерон депо 1 на 10 дена Утрогестан 2х200мг (вагинално)
Мене заедно со брисевите во 12 недела ми направи пап, излезе блага имфламираност и ми препиша тогаш пробиотик вагиналетки. А претходно пап имав правено пред нецела година ме праша и и кажав.
До која недела бебе може да се сврти надоле со главчето? На интернет вика макс до 34, после било многу ретко? Искуства?
34-35. Последната контрола 35+, докторката баш ми кажа дека е наместено и нема веќе каде да оди да се врти, дека така ќе си остане до крај. Како што е бесно и не престанува да се џапа, страв ми е да не си најде начин на крај да се извтрти на крај
Добар ден. Работно од сабајле, среќа ми се погоди месецов и смената и помалку дечиња доаѓаат. За пап и јас правев пред година, матичната ми рече во бременост не, откако ќе се породам. Следна недела 34та требало некој брис да се провери, јас деновиве имам некој жолто-зеленикав секрет како шлајм, кој за чудо не е чест, ама е непријатно. Имав и чешање надворешно на усните. Ќе видиме што ќе испадне, само да нема некои инфекции. За дијареа, јас цела бременост имам, не забележав да е од некое јадење, туку онака се појавува пропратено со болки и грчеви во стомак, плус појава на хемороиди. Забележувам периодов дека сум повеќе од потребно активна, немам време за одмор, па имам болки и во кичма. Мене ми е јасно дека време е за болките и потешкиот дел, али си викам Лејди не предавај се Сеуште немам почнато ништо да спремам, некако многу опуштена сум оваа бременост во тој поглед, се си викам има време. Да ве поздравам засега!
Јас правев 8ма недела мислам бев така нешто, покажа кокоидни бактерии на папот и требаше да правам микробиолошки брисеви тогаш не направив, после 2 3 недели правев испадна дека немам ништо. Јас познавам повеќе жени што правеле пап во бременост ама гледам тука пишуваат дека не е препорачливо.
Инаку и ова го има, не знаев. https://www.instagram.com/reel/CZaTCklBTGL/?utm_medium=copy_link Песната башка
Мамиии станав мајка по втор пат на уште еден син мајкин и тоа на 14.02 многу се изнамачивме ама да си дојдам при себе ќе пишам.. со итен царски сум ама штом е добар син ми друго не ми ни битно да си имате лесен пораѓај ни случајно ко мојот, ве гушкамееее
Леле ова го гледав страшно е! Некако се џапа немирно е и моево бебче се викам ќе се заврти не се врти никако. 32 недела сме веќе. Кога видов 34 на нет викам ќерче врти се за овое две нели не ме зафркавај не играј мајтап со мама, а најубаво му е си клоцка во бешика, ја си мочам цел ден