Може да ти е мила од витамините како што веќе ти кажа JuLleE. Мене сеуште ми се врти. Пред две недели беше карлично, пред некој ден наместена таман како што треба и со растот сега ми е понапред од неделите од циклус, а ми беше поназад една недела. Иначе по циклус сум 31, по параметри 32 Жив и здрав да е. Голем да расте Тебе побрзо опоравување
Од вчера почна да ми гори лицево и да се црвенам жар. Од што може да е? Некоја со вакво или слично искуство? Неможам да се поднесам, ми испушта топлина
Здраво, најубаво да се јавиш во Newborn за секој симптом по боцкање, тоа се најчесто хормончиња кои влијаат на твоето тело Тие најубаво знаат со што те боцнале и што да очекуваш од симптомите Good luck
Здраво, 14 недела сум,дали е нормално многу често да ти се оди во тоалет за урина, малце да пијам вода одма ми се оди. И преку ноќ по 2 пати станувам.
Тек ќе шочнеш често да одиш, кога ќе почне да тежи бебе и да удара во бешика Додека да осетиш дека ти се моча, веќе си се подмочала Јас среќа секојдневните влошки што ги навикнав, инаку ми немаше спас
Има некоја 20та недела плус, уште да не можат да и го видат полот на бебето? 21 недела сум, со душа го чекав прегледот денеска сакав на шопинг да одам и пак ништо не ми кажа. Може е машко ми рече, ама не можел со сигурност да ми каже што е. За првото до оваа недела имав сешто изнакупено, за ова ништо, а толку многу сакам. Се мислам да го рачунам за момче и да си купам нешто партали.
Нормално е, но сепак најдобро е да се направи и уринокултура, да си со сигурност на чисто зошто уринарните инфекции се можни и чести во бременост
Еве ме 39+ 3 и спијам во вц како ќе тежи бебето така се повеќе ќе ти се оди, со тоа што некогаш нема ни да има нешто туку ќе е од притисок...јас по 5,6 пати ноќе сум станувала...а сега веќе нормално и неспијам...со лесно нека ти е
Неутрално сем боди и шпикозни нема.. Тие секако неутрални ќе ги земам. На летни комплетчиња имам мерак а такви унисекс не сум забележала..
Моето е женско, а повеќе од алиштата ми се земени од машките делови Блузички, тренерки комплети, долни делови.. Јас не сакам многу розево, црвено, принцези и слично, и претежно шарите што ги земав се со животинки и боички зелена, сина, жолта. Колку се нервирам по помали продавници продавачка кога ќе ми рече ама не тоа, тоа е за машко