Има до крај што чекаат. На другарка и кажаа еден пол на почеток па сменија подоцна околу втор скрининг. Знам случаи каде во 8ми кажале пол, и еден случај каде цела бременост ја воделе со еден пол а пред пораѓај во болница кажале друг.
Купи си некое за од мерак ако испадни женска ќе ги подариш,ништо страшно. Моиве и од внук ми носат тренерки,дуксерки и патики.
Не си пазарела за машко. Таму е се со коли и е сино зелено. Јад купувам кафеаво бело црвено розе и шарено. И машки и женски така ми се најубаво дотерани.
Јас сум 19та недела и сеуште не го знам полот, последен пат кога бев на преглед не можеше да се виде. Наредната недела сум на скрининг можеби тогаш ќе се види, облека сеуште не сум купила се си велам рано е има време.
Абе не е проблем и женско да излезе ќе го носи. И мојава носела работи од машки дел од продавници. Ама сеа пусто мерак имам толку многу да испазарам. Минатиот пат парталите и дел поголеми работи имав земено уште во 17та недела. Сеа ќе нарачам кадичка и шкафчиња за двете па што биде биде. Иначе претходно во Грција дур живеев, од Пренатал немав ништо земено. Ама ништо не ми се свиѓаше. Може во Македонија има поише избор, а овде не знам дали ја има продавницава.
Исто, и повеќето алишта ги зимам зелени плави, жолти. Во продавница исто ми се случува ако е зелено вика не тоа е за машко и вади розево а јас не сакам такви принцес работи и зимам неутрално
А постелнинки, ќебиња и бањарки само плави и розеви И оние комплети што се во кутии најчесто за од болница изнесување, и тие или се со коли или со принцези
Остај. Сите сме силни со неутрално, посебно првиот пат. После се топиш кога ќе го дотераш. Да се здрави и живи само па се ќе им се купува.
Девојки денес прв пат во мокрача кетони/ацетон..четврток ќе проверам скриен шеќер но место не ме држи .инаку близначка бременост и по циклус сум 29/30 а според ехо 30/31...срцките по 1400 гр се..има ли простор за паника?
За драмата вчера и малта болка чисто да споделам за друга ако има така да не се паничи. Бев на преглед ми кажа дека се е супер ама бебуш расне и нормално место си прави и се влечат лигаментите Магнезиум сабајле и навечер да си пијам и да не се грижам и да се движам често бидејќи било добро тоа. И така јас си се собрав ))
Женски, сакав да ве прашам дали некоја има искуство со орално земање утрогестан. Три пати на ден ми е дозата, ама само попладне треба да го пијам зашто одам на работа па докторот така ми кажа. Е сега јас кога го испив притисокот ми падна 70/30 и почна јазикот да ми се плетка и почнав да се смеам ко четири ракии на екс да сум мавнала Читам во упатство, несакано дејство. Јес да утре ќе си го прашам докторот, ама ме интересираа искуства што правите во ваков случај. @Yowannty јас за големата све неутрално купував, иако на скрининзи те ми кажаа дека е женско. Ама си реков ќе терам со неутрално па после навалив на виолетово и розево Не знам дали ок напишав да ме разберете, чекам јогуртот со сол да почне да делува
И јас ги земав орално и истото ми се случуваше. Продолжив да ги пијам, единствено гледав да пијам што повеќе течности, солено и кока кола си носев при рака, во случај повторно да ми падни притисокот, за да можам да се соземам побрзо
Јас ги пијам утрогестанот, сабајле и навечер. Со софи скоро цела бременост ги пиев од 200 мг Сега пијам од 100мг. Ама не сум имала проблем, освен вртоглавици во првите час, два . Да ти даде замена некоја да прашаш?