Ќе си имма чаша јогурт со сол спремно, морам да делувам брзо. Ептен се осеќав ко пијана Се вратив у нормала, сега кафе пијам и Пепси ќе пивнувам. Среќа дома ко ќе бидам ќе ги пијам. Јас среќа само попладне по едно треба да пијам. Ќе го прашам утре обавезно за ситуацијава, да видам што ќе ми каже. Битно ептен беше весело
Јас ги пијам орално утрогестанот, ноќе пред спиење, ама не сум имала таков проблем. Прво ми ги даде докторката поради болки на почетокот, па кон 7ма недела ко бев за срце ми рече немаш потреба, испиј го паковањето и прекини ги. Е мене ми е страв така наеднаш да ги прекинам, па чекам скрининг на 12та уште една недела и да прашам пак. Можам да си направам некој проблем што продолжив со нив и како да ги прекинам, а да нема проблем некој? Читав дека не се оставаат така наеднаш поради пад на прогестеронот.
Да Ели, со трето Трето Јуле Ќе ми пукне срцево од среќа ако ми веруваш И мене многу ми се спие инаку, ептен низок притисок ионака имав. Ама ова после апчето беше лудило, среќа јогурт со сол што ми текна да се напијам
@JuLleE @eli25 @Kate Rina 93 Фала ви женски, и на вас нека ви е со лесно Рана бременост е, од возбуда не го ни прашав која недела сум Ама по мои пресметки, петта сум изгледа. Ќе се дружиме, еден куп бебиња врсници ќе има
И јас додека ги пиев утрогестан имав страшни вртоглавици, тонев... Ни легната ни седната. Вагинално неможев да ги користам, многу ме чешаше Среќа завршив со нив
Добредојде @ivi1987 гледам цитирано твое мислење, викам аууу од кога ископале девојките па сега го цитираат, кога гледам погоре ти Неколку пати погледнав на која страна сум
@ivi1987 честитки, со лесно да е. @jelo добредојде, блиску сме јас 11+1 денес. Со лесно кај сите, ќе се дружиме. @baby 5 да е здраво и живо бебенцето. За првата бременост имавме преубава дружба овде и една од најблиските пријателки ја запознав на темава. Нема ден да не си пишиме и после толку години, и сега сме бремени заедно пак за второ. @Eli23 да ни се придружиш.