Чекај немој импулсивно. Задолжително консултирај се во фонд и потоа за исплата на породилно, јави се утре или оди на лице место точни инструкции нека ти дадат како да постапиш и дали нешто можеш да изгубиш
Јас пак со моиве маки, висок притисок и тахикардии. Ми препишаа верапамил, а по неколку дена и метилдопа. Метилдопата ми го симнува притисокот, ама од верапамилов наместо да ми се смири срцево, уште побрзо ми чука. Претходно беше 80-90, сега со апчево стандард над 100 Не знам зошто ми рекоа да продолжам да го пијам, се мислам од утре да го прекинам на своја рака па да видам 3-4 дена дали ќе ми се смират тахикардиите. Да не имал некој од вас слична ваква ситуација?
Јас имам низок притисок и тахикардии цело време, мислам дека не се страшни околу 100, непријатно е само тресењето. Побитно е притисокот да не ти е многу висок, можеби поради тоа ти кажале да си продолжиш со пиење.
Немам проблем со притисокот ама два дена тахикардии имам 120пулсот ми е... Сега за сега Бедоксин да пијам
Леле колку убаво друштво сте се собрале @ivi1987 ептен ме израдува. А сакам и @kristina.k да си ја гушнам Ептен ми е мило за сите и ќе јадеме мекици машала по цена на прекршување диета.
Породувањето е бесплатно без разлика дали си здравствено осигурана или не. Ако дадеш отказ сега, само ќе го изгубиш правото за платено породилно отсуство.
Не знам во која болница ти го кажале ова, но во секоја државна клиника породувањето е бесплатно без разлика на статусот на здравственото осигурување. Од 2016 го донесоа тој закон. Ќе го најдам утре и ќе ти пратам.
Оди во фонд и пријави се ко невработена. Одма средуваат здравство. Или преку маж ти, тој нека однесе документи во фонд, не сум сигурна точно што документи бараа, прашајте. Или едно или друго, средете го одма, зошто да плаќаш ко во приватна болница. Треба само да одиш и да поднесеш барање.
Да одиш во друга болница? Ако си била во државна, оди во чаир, оди на друго место, консултирај се со матичната, ќе го решиш ова, поголема загуба е породилно да немаш него да платиш за породување.