Исто сме без гајле, не е секој ден исто, еве и кај мене, еден ден ми се чини ќе излезе низ меше, друг ден па да ја гњавам за да мрдни. Нормално е, и како што кажа членката погоре, касни нешто благо, кај мене одма функционира.
Искуство со кандида на последните брисеви? Немам никакви симптоми а се покажа незнам дали да ставам polyganix и капсули fluconasol тоа ми рече матичниот или да почекам во понеделник на контрола во ремедика сум... Се ме снајде на крај значи и корона и болки и кандида
@pamelche ја нема. @ni.na не мора да има симптоми за кандида, неа ја имаме постојано во телото симптоми зависат од колку е намножена. Значи дека немаш многу, не е опасно воопшто. Вагиналетите што ти препишал матичниот се дозволени, за капсулите немам искуство, мислам и доволни се вагиналети за да се исчисти до пораѓај. Јас пред пораѓај канестен3 ставав, и мене на последни брисеви ми излезе, ништо страшно. Некои ја имаат цела бременост. @mareane те гушкам
Оф...значи сите сме исти...претходната недела толку беше активно, а овие неколку дена по неколку пати само нежно ќе го почувствувам и одма паника си кревам
Дали сте имале болки долу левата страна како оток, како да има нешто на јајникот? Не знам дали се свртела бебка некако, ама ме боли таа страна и чудно ја чувствувам...
Девојки дали додека сум бремена матичниот гинеколог треба да ми наплаќа за секој преглед? Знам дека додека не бев бремена кога си одев на редовни прегледи ми наплаќаше меѓутоа ме интересира дали сега кога сум бремена треба да ми наплаќа? Инаку вработена сум, имам здравствено а матичниот гинеколог има склучено договор со фондот.
Бев кај матичната требаше следната недела ама не можев да издржам ме јадеше нешто од внатре .... И ми рече се е во ред и не било убаво ако е и многу активно демек тогаш папочната врвца можела околу врат да се заврзе со чвор ако било многу активно... Сега сум мирна прва бременост мора да не разберат матичните ако сме малку паничари и досадни
Секој матичен гинеколог наплаќа за преглед,скрининг и др испитувања нема врска што има договор склучен со фондот по правило не смеат да наплаќаат но тие си наплаќаат
На ехо преглед кога одам и обично тогаш земам упати за следните анализи по 400 ден ми e.... A колку што знам не треба да се врши наплата на трудници од страна на матичните но тоа е
Бесплатни прегледи за трудници се ехо во 12та, 21ва и 32 недела. Но секако си ги наплаќаат бидејќи не ги пријавуваме
Јас пред околу 2-3 недели се јавував да закажам преглед, не ни знаев дека сум трудна ми кажаа 3500 ден. Иако сакав само преглед ехо имав правено кај матичен ми кажаа цената е иста..
Не треба. И мене не ми наплаќаше. Ама последниов пат ми наплати 200ден. Очигледно гледаат едни од други. Скоро сите наплаќаат.