Мене матичната не ми наплаќа за никаков преглед, ни пред да бидам бремена ни сега, само кога сум правела ПАП, за тестот си плаќав.
Ви благодарам многу, и јас сум свесна дека не треба да ми наплаќа... Ама наредниот пат ќе ја потсетам
Женски, Колку се нормални овие резултати во бременост (14недела) ,i црп,д-димери, холестерол и триглицериди ми се покачени ама не се до црвено.
Здраво женички. Еве чим сум поканета од @kristina.k да се јавам на рецепција. 15 недела полна сум денес, незнам што носам. Од почетокот на бременоста фатив ковид, па сум од кревет на кревет цело време. За ехо матичната ми наплаќа секогаш, иако има договор со фондот, ама не ми смета искрено. Секое ехо е 300, ама знам дека легнувам на чисто, секогаш менува испод тебе, не како на клиника кога по 5 легнуваме на иста хартија. Сепак е тоа приватна ординација, сбаќам дека си ја доплаќам разликата за услугата. Пап и брисеви не наплаќа дополнително. Со лесно на сите мешковци инаку ❤.
И јас си плаќам цела бременост. Само ехо 350 денари а ехо со брисеви 500 денари. Едино за крвна слика не ми земаат пари.
И јас плаќам за преглед, 500 ден. Дополнително плаќам кога ми зема брисеви. Одамна беше, ама последно и некој брис што одел само приватно си го платив 900ден мислам. Ќе видам следна недела колку ќе платам. Во 12-13та недела бев и на ппреглед за срцето кај детски кардиолог, и таму 1500 ден. Ми закажа и уште еден ама искрено не појдов. Денес ми се јави и патронажната сестра, да сме се запознаеле, почнале да посетуваат по домови од годинава. За првото дојде неколку пати, и едно нешто што од неа ми остана во сеќавање и што практикувам, е да не претеруваме со премногу облека на бебе, особено беше против облекување хулахопки на бебе и мислам во право беше. И околу доење ми разреши повеќе дилеми...
Фала многу Дафи само убавини нека се враќаат @jelo мене вчера ми наплати и за прегледот и за инекцијата што ја примив. И во претходните бремености ми наплаќаше исто.
Zdravo, vcera vecer go pisav problemot so zdravstvo e sega vaka deneska se odjaviv no vo fond za zdravstvo uste stoi deka sum prijavena i nemozea da me prijavat preko maz mi.. kolku vreme treba da pomine za da me prijavat preku nego
Добро поминувате со матичните Мене за ехо ми зема 1000 а за ехо и брисеви 2000. Исто и мајчината книшка ми ја наплати 1000. 2 пати месечно идам на контрола, ме одра
Значи јас да не се жалам толку, 300 денари ми наплаќа за ехо, ќе видам здравје за скринингот во 12та недела колку ќе ми наплати.. @ShtruMfeticka многу бе тоа 1000 денари..
Џабе дебата, џабе се! Можеби сте забележале дека од време на време врти статија по порталиве дека гинеколозите законски не смеат да наплаќаат на бремени и сите тоа го знаат, од министерство ,фзо, инспекторат итн, ама се се тоа врзани и нормално никој не е казнет. Ние како пациенти како ќе пријавиме кога еве конкретно кај мојава ни фискална ни утур ни бутур, а и ретко кој се осудува да пријави зошто асални гинеколози ги има на една рака да ги изброиш
Јас на почетокот многу се нервирав со плаќањево, зашто и за жени што не се бремени не треба да се толку високи цените. Три матични сменив, кај трите ми наплаќаа и како трудница и како нетрудница, секое место со различна цена. На две места ни фискална не ми даваа, а на едното ми го даваа само “извештајот” (не знам како се вика тоа второто ливче што се дава при плаќање со картичка). Којзнае што си куцкале дека сум платила, никогаш не ми дадоа да видам Читав и по интернет и по форумов, видов дека скоро сите плаќаат и морав да се откажам од барање на правдата, зашто секако доволно тешко ми беше и да си најдам стручен матичен што ќе ми ја води бременоста, а не па и да не наплаќа. Многу се оптеретив тој период и морав да прекинам. Еве една информативна статија на темава https://www.fakulteti.mk/mobile/job...loshki-pregledi-sleduvaat-na-drzhaven-troshok