Јуле, еднаш месечно е доволно ако нема трудница никакви фрки у бременоста. Јас бев во вторникот првпат, нареден вторник сум пак за боцкање и контрола. Да не беше боцкањето и хематомот што го имам ќе одев еднаш во месец.
Вчера имав крвав исцедок,9+1, иако примам утрогестан од 200 сабајле и вечер, и се јавив на мтичната, ми рече да одам до болница да ме видат и да ме боцнат прогестерон депо, бидејки она беше прва смена а и јас бев на работа немаше шанса да стигнам. Отидов попладне во болницата во мојот град и дојде да ме прегледа една млада докторка, верувам дека беше помлада од мене, а јас имам 34 год.Прво се запна да ме прегледва вагинално со спекулум да видела колку крварам, иако несакав ми рече во то случај потпиши се дека одбиваш преглед и оди си, викам прегледај ме на ехо, ми вика неможе, мора прво вагинално, и уште ми вика ако си одиш ако ти се искомплицира нема да те примиме да знаеш ако одбиеш преглед,Ајде и дадов да ми стави спекулум, беше прилично груба па уште зема и газа да ме тапка да вид олку крв ке упиело.После тоа зема да ме гледа со ехо вагинално, ми вика ти го осекјаш ли бебето кога мрда, викам не, па ми вика скоро 3 месец си, и викам 9 недела сум, како може да го осекјам сантим ипол ембрион?После ме гледа и ми вика а срце уште нема, коса ми се крена, и викам како нема уште од 5 недела слушнав срцева реакција, и после викаа ааа еве имало.Ме прашува што лекови користам и кажувам, за утрогестанот почна да се чуди кога и кажав дека сум ја испила таблетата зашто крварев намесо да ја ставам вагинално.Ми вика аа богами ја незнам дека има такви таблети кои можат да се пијат и да се ставаат вагинално.притисокот 200 ми се качи, ги извадив од ташна кутивчето и го покажувам и ги гледа, па зема да ги чита, па се исчуди дека навистина пишува за вагинална и орална употреба, па уште ми вика сигурно се овие некои нови.И викам па не се нови, јас и пред 4 години со првото дете ги користев истите , тие беа, и ме гледа бледо, и на крај ми вика дај уште вагинално да те прегледам со рака, е викам неможе, ми се смрачи од нервоза, викам не давам па што сакате кажете. Па се мислеше пола саат дали да ме боцне прогестерон депо, и на крај ме боцна. Па ова е мизерија невидена, каков кадар има коса да ти се крене, и тоа во секундарно зраство каде што треба да се спицијалисти.
Да се надоврзам на претходниот муабет. Мене матичната ми нема наплатено апсолутно ниеден преглед, дури ни првиот скрининг, освен земање брисеви 300 ден., со тоа што си ги носам сама во биотек, со упат од неа, и исто е бесплатно. За трудници да, се е бесплатно кај матичните и во државно здравство, нека не ви ги земаат парите беспотреба. Или во краен случај барајте си сметка, не е ништо срамота. Срамот секако е нивен што ве дерат. А ако има потреба, матичен ќе се најде и друг, барем во Скопјево има еден куп одлични матични гинеколози.
Во Скопје има има куп гинеколози, кои за жал не примаат нови пациенти. Откако останав бремена имам увонето во над 10 ординации за да ги сменам матичните што ми се, но само прегледи на приватно нудат
Др ми рече да испитувам д-димери и хемостаза,ова е тоа само што јас на своја рака испитав црп пред неколку недели и сучајно видовме дека ми е покачен а во бременоста црп не требало да биде покачено. Примив 2 пати антибиотици ама не се симнува воопшто не можеме да знаеме од што е покачено, ми рече да направам анализи на лупус антитела, антофосфолипидни антитела и реума фактор,добри се 2 анализи едниот резултар уште го чекам. Ако и сега не можеме да откриеме не знам што деуго треба да испитувам за да знаеме од што е покачено бидејки све сум испитала и брисеви од грло,нос, све што е можно..
Исто и јас и едвај најдов матичен. Мојата докторка ми наплаќа ехо 500ден, брисевите беа без пари а скрининг прави само на приватно.
И јас сум со покачено CRP, ама испитував зашто леукоцитите и седиментацијата ми беа покачени на крвната слика. Имам уште испитувања за правење зашто и кај мене уште не се знае од што се покачени. Матичната беше малку потресена од резултатите, а ич не е паничарка. Ми рече ќе требало да ме водат како ризична бременост, а не сфатив зошто. Нели е тоа знак за некоја инфекција? Зошто да е висок ризик?
@macalavica оф бе шо доктор е таа Леле жално . Незнаев дека не си во Скопје. Нека те боцка матичната прогестерон а и нека напраи ехо , најверојатно е некој хематом штом крвариш. Терапијата е таа, плус витамин Ц пиј. Мене ми го сменија тогаш утрогестанот со дабростон 3x1. Прашај и за оваа опција. Нема ли некој приватен да те смири оваа те извадила од памет. Добро утро на сите идни мами. Мене откако ми кажаа на 2 скрининг дека послаб проток има од едната страна, само глупости мислам. Ми кажа Петрова покриена си со клексан тоа е терапијата. Бебето е напред 1 недела ќе се следи. После бев и кај матичната со извештајот истото ми го кажа. И пишав и на трансфузиологот рече иста терапија. Па може ќе фатам пак да и пишам да не случајно не видела убаво ? И исто ми спомнаа двете дека може и притисокот има улога. Обично кај висок се слуувало, но дека ми беше 80/60 тогаш одма Петрова ми рече дали имаш низок притисок?
Денес ке одам во систина, имам закажано кај Гордана Петрова. Муабетот ми е како може таков неспособен кадар да има во секундарно здраство, па тие се повисоко ниво од матичните, треба да се специјалисти а оваа ме прашува дали ембрион од 1.5 цм го осеќам да мрда, мизерија невидена.Имам полип баш на цервиксот и тоа голем од него крварам најверојатно. Има ли опција да ми стават серклаж со полип? уште ми вика дотичната докторка со овој полип тешко дека ке ја истераш бременоста имаш големи шанси за абортус???Идиотка невидена.
Како ги броите неделите, сега на крај ми текна ова 36+ е 36та или 37ма недела со оглед на тоа што се почнува од 0 недела, ми има логика да е 37ма Сега приметив на апликациите различно пишува
И те како може да има неспособен кадар. Јас во претходната бременост дехидрирав и отидов на ГАК и таму две млади докторки читаа од книга во врска со симптомите и што да ми препишат.
Мене Петрова истите прашања ми ги постави, иако јас не сфатив дали збори за протоците бидејќи се збунив во секунда. Матичниот ми вели дека протоците се супер, и дека скратени времиња биле нормални во бременост, тие никогаш немало да бидат точни. Малку и не му верувам. Јас сум со низок притисок па одам на таа варијанта, дека се друго е во ред. Ако не било добри протоци, бебето немало да напредува воопшто, а тоа ќе се видело со споредба на мерките.
Јас првите 3 4 месеци од бременоста бев без осигурување бидејќи газдата не плаќаше придонеси и не пушташе плата ,се вади потврда од фонд дека до осигурана и ослободена од плаќање и со таа потврда одев секаде.Инаку ќе банкротирав до сега. НЕ се нервирај не смееш да плаќаш ,плус трудна плус пријавена. Оди во фонд распрашај се убаво и побарај си потврда дека си осигурана и пријавена брз разлика на тоа дали има тој платено или не.
Исто и јас, двајцата доктори ме убедуваат дека се е во ред, бебе си расте, нема никаков проблем, ама една реченица е доволно да се замислиш. Верувам дека ако има проблем барем еден од нив ќе забележи, на толку чести прегледи... Туку, како се чувствува(в)те 24 недела? Не можам да дишам, не можам да се свртам, болки сегде, па што ќе биде кога ќе бидам 30+ недела. А мајке ми не бев залежана претходно...
Не знам стварно, мене само еднаш леукоцитите ми беа доста покачени (нормално е да бидат благо покачени) и ми се симнаа со Цефалексин, а кај тебе гледам добри се. Микробиолошки брисеви имаш направено?