Прв скрининг правев во плодност и ме чинеше 7.000 со париска. Ама за таму знаев, приватно идеш и плаќаш, ама државна болница да те молзат.... Неамм зборови
Јас сум 35+4 значи 36та недела сум, и влезена во 9ти така ли? И јас не ги научив неделите да ги рачунам
Добро за Плодност очекувано ама матичниве претеруваат навистина. А ова кај матичниве толку е скринингот?
Не живеам во мк и матичната овде ми кажа ако сакам да одам на 12недела на приватно значи не кај неа за даунов а кај неа имам закажено дури ко ќе будам 16 недела. Ме збуни затоа.
Епа појди на приватно, првиот скрининг се прави тогаш. Би било добро да не го пропушташ ама сепак твоја одлука.
Според мене е многу битен тој преглед, просто кажано ќе ти кажат дали е во ред бебето или дали има некој проблем. И ти ќе си мирна потоа.
Не е задолжително ама е пожелно Порано ништо од ова сега ние што правиме не правеле, а сега скоро секоја го прави тој преглед. Јас го направив и здравје за второ пак би правела, да знам што како
Во 12та се мерат нухален набор и гледаат носна коска кои можат да укажат на Даунов синдром. Во 16та е доцна за тој преглед. Скринингот во 12та и 22ра (плус минус една недела мислам беа) се најбитни прегледи.
Ако мислиш на приската не е задолжителна и веќе се помалку жени ја прават. На првиот скрининг докторката ми рече дека според неа немам потреба да ја правам, на ехото се беше уредно, а статистиката од приската не може ништо да докаже. Јас не правев, сега и за второто не планирам да правам, ако не дај боже нешто се сомнева докторката ќе правам или неинванзивен тест или амнио. Се надевам дека ќе нема потреба.
Здраво, дали некоја се соочила со следниот проблем : 39+5 недела, бебе поставено многу горе воопшто не спуштено во каналот, цервиксот воопшто не омекнат ( многу тврд ), не е скратено грло на матка, ниту еден прст не е отворено... Значи никакви подготовки на организмот за пораѓај а требало сето тоа да започне уште од 37-38 недела. Ете уште два дена во 40 недела а абер нема никаков Дали тоа значи дека најверојатно ќе треба царски или има уште шанси за природен пораѓај ?
Не е задолжително ,матичните викаат дека е задолжително не знам зошто стварно,јас по мојот преглед само од памет се извадив ради некои таму математички пресметани параметри што немаат врска, па уште ме тераа и Nifty да правам од 700 евра поради благо покачен ХЦГ. Што е до мене и моето мислење најубаво само едно ехо да те види добар доктор и да не се замараш.
Тогаш зошто воопшто на прегледи одите? Ти касни, не прави ни тест нека расте стомак па што ќе биде нека биде. Порано не ги правеле зошто немало ни опрема, ни доктори, статистиките за аномалии се скокнати за голем процент од пред 20 години. Никој не ти става нож под грло, ама основна одговорност како возрасен е да следиш состојба и да видиш дали е се во ред со бебето, за вас ако не ви е гајле - барем за него. Јас сфаќам дека парите ви се битни, ама побитни од детето сигурно не се. Плус скрининг и приска кај нас на државно се прави, Нифтито е по избор. Нормално пред да правиш Нифти можеш мислење од 2-3 доктори да чуеш.
39+4 породена со царски ( по препорака на докторите) меѓутоа тој што ме пораѓаше сакаше да пробаме природно. Не се отварав ни со провокација, бебе се качи горе ни грло се скратуваше. И завршив со царски
Многу се плашам од царски, ептен се надевав дека ќе биди природно, но како што гледам бидејќи нема никаков напредок изгледа ќе мора царски. Не знам дали тоа што воопшто не е омекнат цервиксот е проблем, дали можи да омекне допрва и се да се одвива брзо и да е природно на крај, оти не можи уште долго да се чека веќе терминот дојде...