Ја нигде не реков да не оди ,само си кажав свое мислење во врска со ПРИСКА што нема медицинско значење НИКАКВО ,се е математика и статистика и плашење на идни мајки.Познавам жени што за жал приската супер,а детенцето им било со синдром или обратно. Секој си има избор дали ќе прави преглед или не ,јас од првата приска направив уште 10 ехо прегледи од стравот што ми го набија итоа приската ми беше со Low risk единствено имав покачен ХЦГ. И сите доктори ми рекоа исто се е супер на ехото ама напрај си nifty пак еве ти флаерче еве ти број И некој ќе ми каже дека не е за пари правење? Ве молам...
Не е за парите, бесплатна е приската во државна. Работата е дека може да ти даде само еден процент кој пак не потврдува или исклучува нешто. Јас на пример, си го сакам детето и ми е битно, без разлика што не направив приска.
Жените раѓаат и со надминат термин, не се секирај нема да те однесат директно на царски без да пробаат природно секако ако има можност за тоа.
Членката не е од тука што го поставила прашањето , таму го прават Нифти тестот сите само кај нас има Приска со систем кој не е веродостоен со резултатот.
Не се плаши од царскиот ич, не е страшно И јас со првото имав уплав од царски, па сп пикнат водењак и 10 саати отров болки и провокации и чида несакаше да се симне, па на крај сама си барав царски. Сега со втрово здравје боже ко ќе дојде до тоа ќе си одам на царски директ, зошто болките што ги јадев претходно ми беа ппголема траума од самиот царски пораѓај. Со лесно само да ти е
Јас со првото се породив царски поради истото, на 2 дена до термин имав цервикс 4.7см и бебето беше многу високо, грлото тврдо и затворено, а бебето плус со поголема килажа. Ама јас имав и многу висока тахикардија поради тоа што беше така поставено, на анестезиолошкиот преглед имав 170 пулс. Треба да одиш на цтг овие дена и да следите цело време како ќе е, ако не се спушти до после термин најверојатно ќе те породат царски. А има шанси и да се спушти, немој само да се плашиш што и да е. Јас поминав прелесно со царскиот, иако паничев и јас многу.
Мене ми ја објаснија приската и амниоцинтезата 3 доктори, и доволно сфатив за нивната веродостојност (и инванзивност), затоа решив да направам Нифти. Ама дека треба да се пројде со само едно обично ехо, не би рекла. Да не го спомнувам фактот што не секој доктор е специјализиран и способен да види нешто на ехо, затоа би барала и второ мислење.
Мислиш на перла, не ми текнува точно никот? Не знам од каде е, јас само споделив како јас направив ама стварно и верувам на мојата докторка. Ете, ако беше веродостојно испитување веројатно ќе го имаше секаде во светот.
Така е. Затоа за скрининзите се бира доктор стручен во својата област, а тестови се прават доколку имаат сомневања или ако имаш вишок пари.
Не се плаши, и со надминат термин да бидиш една недела нема проблем... ќе пробаат природно првин можеби со провокација, во меѓувреме пешачи повеќе, јади ананас, имај односи, туширај се со по топла вода.. се ќе биди добро
Имам повеќе пати кажено не живеам во мк скоро се преселив во странство. Зборот ми беше матичната му кажа ако сакаш направи на приватно е, скапо е и ме збуни затоа питам дали е задолжително. Прво дете ми е ете неиспраксена сум плус тешко се снаоѓам тука.
Па така е затоа и реков,добар доктор специјализиран за скрининзи и темелно Ехо . Јас не за џабе одев кај 10 доктори да ме прегледаат на ехо после приската.
Не сум видела стварно дека не си во Мк. Не знам за приска во странство, мислев за тука прашуваш. Тука не е задолжително.
Неможам да верувам , мислам дека ние од фемина повеќе знаење имаме од неа. Тешко на пациентите , замисли некоја ќе ја пораѓа утре Знам многу што со полип си износеа бременост. Цимерката со мене што беше , на сам пораѓај и го извадија
Да све имам направено, до сега све е во ред,не знам како ке биде и како ке дознаеме од што е покачено,многу се плашам бидејки пред неколку месеци имав друга бременост,немав плодова вода во 15 недела и мораше абортус,на сите испитувања што ги направив немаше ништо све беше чисто,а кога го пратиле плодот за испитување на хромозомите и рекле на докторката дека сум имала некоја инфекција и дека ставале антибиотик на материалот. После тоа ги направив анализите и абсолутно све беше како што треба не можат да откријат како дошла до снемање вода. (и пред абортусот направив торч,микробиолошки бридеви,пап тест све беше чисто)Др.ми спомна дека знае понекогаш да постои некоја инфекција кој што со знае да исчезне заедно со абортусот. Се надевам многу на ова последното,многу сум под стрес да не се случи истото.
Све мила,све имам напревено досега..барем тие анализи што знам јас дека треба дс се направат и што ми ги кажа докторката,ми вика нема нешто друго што да се испитува. А според мене сум кај најдобрата докторка кај Гордана Петровска и потполно му верувам на све.. и она се труди многу да најдеме од што ми е покачено бидејки ја знае историјата низ што сум поминала..
Ти верувам, би сакала да можам да ти помогнам. Се надевам се ќе биде во ред А малку ти е покачено, плус леукоцитите се добри, би требало се да е во ред. Пиши што ќе направиш.