Фала ви на сите за споделените искуства и советите,❤️ ќе почекаме уште малку така и докторот рече па ќе видиме што ќе испадне, можи ќе биди и природно За скринингот и јас мислам дека е многу битен, тоа испитување што е со ехо, а за приска јас правев но сега повторно не би правела и двата доктори каде што одев ( и државно и приватно ) ми кажаа дека според нив приска воопшто не треба да се прави, тоа биле само некои статистики и веројатности и ништо не покажувале резултатите, во многу од најсовремените западни земји воопшто не се правеле такви испитувања не му било јасно зошто се прави кај нас приска тест тоа ми го рече еден од докторите, додека скринингот на ехо е веќе друга работа и се испитува и набљудува директно плодот па мислам дека е пожелно секој да го прави.
А тие шо се бремени 34 недела како се чуствуват. Јас имав свадба закажено ама заради короната се презакажа и сега бидејки останав бремена на свадбата ќе сум 34 недела. Во дилема сум дали да правам свадба или не плус ќе морам да патувам.
Јас не би правела свадба во 34 недела. Мислам дека многу исцрпувачки е тоа за телото, во 8ми месец едвај се движев а не пак цел ден наваму натаму.
Подобро презакажете ја 5-6 месеци по породувањето да ти биде. Таман и да потпорасне малце бебе. Ние така направивме, околу 5 месеци треба да има бебе кога ќе правиме свадба.
Најчесто на повеќето трудници им е мачно многу во тие недели. Јас бев на свадба во осми месец во друг град, не можев да откажам зошто ми се најблиски и специјално беа дојдени од Австралија за свадба да направат и да се видиме, и премачно ми беше. Патувањето плус во тие недели не знам колку е препорачливо, а и зависи каква ќе ти е бременоста. Јас бев огромна во стомакот, плус отечена од жешкото и од самата бременост, плус тахикардија, едвај издржав и тоа што седев цела вечер. Ти ќе треба и да стоиш подолго ако ги имате сите церемонии. И јас те советувам да си одложите за понатаму.
Здраво Ане, неможам да ти пишам приватна порака, ми треба нешто да те прашам. Те молам да ме исконтактираш. Фала ти !
За црп би побарала совет од доктор,другото е во границите на нормалата. Исто и јас имам покачени холестерол и триглицериди но матичниот ми рече дека во бременост е тоа нормално и не ги земале за валидни додека жената не се породи.
Јас сум еве скоро 34 недела и можам да потврдам само тоа што ти го предложиле останатите членки, доколку имаш можност одложи. Додуша јас одам на работа, можам да кажам дека послободно и подобро се движам сега отколку пред некој месец. Кога се враќам наназад, најголем проблем имав од 6-7 месец. Многу ми се мокреше, едвај можев да изодам неколку метри, дали бебе беше така поставено да притиска на некој нерв, не знам... Но, сега стомакот повеќе тежи, мускули се згрчуваат, почнуваат болки во половина, ципи... Јас не би се решила сега на свадба.
Мајки јас сум многу испаничена. 3-4 дена осеќам слаби менструални болки, денес ми се стврдна цел стомак. Веднаш отидов на доктор, цервикс 35мм, ме прегледа вагинално затворена сум, на ЦТГ покажува слаби контракции, ме ставија во мирување 1 недела со утрогестан вагиналети 2x1. Ако не ми поминале болките за 2,3 дена требало да ме хоспитализираат со инјекции за зреење. 30та недела сум и многу се плашам
Во 32 недела со првото дете ме фатија такви болки и контракции првин на различен интервал па на 1 сат пола саат, и на 2мин ... Примив инексии за зреење мирував и на крај бебе неќеше да излези 39+4 царски се породив
девојки денес имав голем моментален стрес. прв пат се секирам во бременоста дури и се расплакав дали може нешто да му е на бебуш? 14та недела сум