Која недела си? Пред породување се шири карлицата, се спрема за раѓање, сигурно нема да е иста во 5 месец и во 9 месец, не се нервирај безвезе, ти велам другарка ми до многу тесна карлица роди два пати природно, улога игра и големината на бебето.
25 недела сум ама ме фаќаат паники уште сега.Повеќе ми е страв од царски отколку од природен. Се надевам ќе биде добро како и да е.
Тоа не се гледа така со голо око туку се мери. Дали си слаба во колкови или не, зависи од масно ткиво, не може никој да ти каже вака надворешно дека мала си и ништо од природно пораѓање. Плус тоа, тука некако за секаква минорна работа форсираат царски, не може сите со тесни карлици да се, а муабетов на премногу трудници им го прават. Плус тоа, многу трудници со таква карлица раѓаат природно без никаков проблем. Никаде нема да прочиташ дека потесна карлица е индикација за царски. Пораѓајот може да е пролонгиран или отежнат, но ако нема друга причина се пробува прво со природно и ако не се развива пораѓајот онака како што се очекува, се пролонгира и слично, тогаш може да се премине на царски. Ама овде смената на докторот му заврши, ај тесна карлица имаш. Најди си доктор на кој му веруваш 100 %, и не се замарај со глупости.
Јас ќе бидам царски од други причини. Ама верувај дека во 7 8 месец се случува некое ширење на карлица, болки имам, крцкаат коски, болат препони. Кога прашав ми кажаа дека телото се шири се подготвуца за пораѓа. До 9 месец има време не се секирај.
Мене од пред недела-две ме болат и колковите и си мислам дека телото веќе почнува да се спрема, 36++ сум. Инаку денес при одење осеќам контракции и нешто како грчеви во препоните Малце се исплашив да не почнува нешто
Не е против стрии, ама хидратантен е и одличен, барем за мене. Ќе можеш и за бебчето да си користиш. Инаку на акција се во Зегин сега
Јас од 30 недела (сега сум 32) ги имам болкиве во препони, карлица, кичма. Се распаѓам Се боли, се крцка, не можам да одам, не можам да седам, не можам ни да лежам Греота на волку сремање царски што ќе идам
Дали само мене ми е повеќе страв од природно отколку царски? Кога читам што се опфаќа природното језа ме фаќа, многу сум гадлива на тема човечкото тело
Не, не ти само тебе страв од природно. Впрочем мислам дека само на форумов читам мислења како им е страв од царски а не од природно. Никој околу мене не рекол се молам да биде природно ми е страв од царски.
Мене многу рано ми почнаа тие маки,25 недела сум одвај одам,болки во препони, колкови,опашната коска ме убива при станување .Што ме чека тек ко ќе потпорасне бебево
Не се плаши,чувај се ,витамини ,природни сокови ,не се изложувај на непотребни излегувања.Јас го прележав во 20та недела не беше нешто страшно, еден ден имав температура само,ама последиците ми се тахикардија и недостаток на воздух . Гледај колку можеш да избегнуваш непотребни контакти.