Сеуште ми е рано за породување, ама мене по страв ми е од природно него царски, не чуствувам никаков страв за царски, па ќе видиме живи и здрави како ќе биде.
Мене реално не ми е страв. Не би го дефинирала како страв. Туку како неможност (ако сакаш читај неспособност) психички да се справам со непредвидливиот тек на настаните. Можи да се отворам 6, 7, 8, 9, 10 или 12 часа. Кој знае? Никој. Од што зависи? Од никој. Како може да убрзаш? Никако. Може ќе се породам за 10 минути. Може за 100. Кој знае? Никој. Од што зависи? Пак од никој. Како може да убрзаш? Пак никако. Мојата слаба психа ова не може да го поднесе. Има некој што може и стварно им се поклонувам.
Дали може од клексанот да се направи како оток на стомакот?Од лева страна ми е како потечен стомакот,како подебел е во однос на десна.се боцкам на 5цм од папок наизменично.
И мене некако не ми е страв, тоа е сега мора да излезе бебето некако Само имам чудна возбуда и секој момент си замислувам најразлични сценарија не знам што да очекувам и мозокот така ми се справува, од најлесно до претешко, само ми фали еден дел, незамислива ми е болката и не можам комплетно да си замислам како ќе се справам Уствари кога ќе си помислам може страв ми е
Оф со првото исто бев како тебе, немав гајле, секој ден у зграда на 5 спрат пеш одев зашто нема лифт, по два три пати. Шетав, работев, абе ништо не ми беше , а сега со второто се ме боли мислам сум се рашрафила
Мене многу ме интересира дали после два царски има шанси да се породам природно. Со двете бев со итен царски, со третово здравје ќе видам што ќе кажат. Ако има некоја друшка со такво искуство нека кажува Туку, сакав да ве прашам да не знаете каде има меки труднички хулахопки ( да немаат ич ликра, ме нервира) за да почнам фустани да носам. Сите фармерки, панталони и обични хулахопки почнаа да ме стегаат, одвај доседувам на работа.
Не си сама и јас исто. Плус прво дете не знам ни што ме чека, којзнае колку време ќе траат предпородилните болки. А и сама таму во болница толку време не ми се седи Барем да можеше маж да седи со нас еден вид поддршка. Па процесот на шиење, па доење на бебето. Викам пред да одам у болница ќе се најадам, не знам колку време ќе трае пораѓајот јас брзо огладнувам
Јас подебели едни купив од Calzedonia од east gate, ама ги носам со се зимава, ги одржувам како хеланки Можно е да имаат сега и потенки труднички добиено, како за на работа
Од Сара фешн хулахопки за трудници 350 денари се , продавачката рече дека се памучни, не стегаат, доста се шират само што немаа други бои само црни беа, дали во моментот или општо не разбрав.
А кај има убава квалитетна трудничка облека, и да не е како за баби ,нешто помодерно. Вчера бев во Waikiki ништо немаше избор 2 3 парчиња само труднички
Во waikiki во city mall само, другите немаат избор. East gate има само 3-4 парчиња, за outletот да не зборам