Ехеее, јас коа отидов во east gate во депресија паднав, потоа во city mall си купив убаво работи, има поголем избор, нешто сигурно ќе се најде
Ме фати денес некоја параноја. Наредна недела сум на прв скрининг, а на преглед не сум била од ко слушнавме срце, точно пред месец. Што ако не знам дека нешто недај Боже се случило, а си седам дома толку време? Имам симптоми, мачнини, слаби болки, ама дали е можно да се од утрогестанот? Секако имам фобии од прегледи и анксиозност на максимум, ама мисливе не можам да ги контролирам. Дури и сонувам дека го осеќам бебето во стомакот два три дена по ред од што и потсвесно ми се истите мисли цело време. А си ветив дека оваа бременост ќе пробам да ја контролирам паниката.
Еве и јас да си се пожалам..." Се пораѓам " од 32н, примени зреења, нормално мирување никако од кревет да станам ради рани контракции и септумот што го имам. Бременост на трња...плус ддмери у воздух отидени со еден тон клексани, скриен шекер и бебе намедтено со лице нагоре што никако не се врти...Ме стига мене Марфи..денес 39+5 бебе високо, грло тврдо и долго и нормално доктор ми вика ова бебе од 3800гр ќе тера бајаги...ја више незнам дали да се смеам или да плачам што ми е тешко и седење и спиење....ама нормално се ќе се издржи за тоа мало чудо што ќе излезе за брзо...извинете на рефератов ама некако ми дојде од душава да покукам малку
@fana сега си мислам да не ме закажа така зошто ми ја знае историјата на панични напади од прегледи? Во првата бременост ми се случи траума од еден доктор и од тогаш имам сериозен проблем, а докторката ме пораѓаше тогаш и знае се. Прво одам на психолог па после на преглед. Сега за срце ко бев ме чекаше да се смирам па да ми пушти да слушнам, од што хипервентилирав не можеше да ги фати ехото откуцаите. Буквално до пред онесвестување сум на секој преглед.
Па и јас така. Мене ми закажува докторот што ми ја води бременоста за еден месец. Сега ќе одам кај матичната за брисеви, а кај него сум крај на март дури, значи за пет-шест недели.
Јас во 35 недела фатив а со никој освен моите што се прележани и вакцинирани ама така требало, лесно поминав така да не се плаши што и да биде
@kristina.k е тогаш да, можно е заради паничните напади така да ти закажува. @Black girl според мене во прво тромесечие, два прегледи (од кои едниот е скрининг) се премалку.
Зато одам кај двајца доктори на преглед и ми иди на 2 недели. Иначе после срце и мене ме закажаа дури за скрининг ама кој ќе издржи толку
Outletot треба да начекаш. Јас најдов многу убави труднички работи, се по едно парче останати за ич пари.
Е тоа е среќичка, јас кога бев имаше буквално три парченца закачени, на толку облека облека, не очекував
Ако може да прашам, а зошто не одиш на царски кога е така свртено? Кај мене скриен шеќер, тромбоцити ич, лакуни на постелка, клексани, запек до крваврење, тахикардии, несоници, карлично... не е лесно ама се за бебувче ќе се издржи Ти праќам гушки
А за скрининг ти закажа? Според мене е претерано на две недели Ја во прво тромесечие бев едно 5-6 пати, али првиот пат беше рано уште пред да слушнам срце, нареднот се слушаше, па после брисеви, па скрининг, па пак брисеви оти имав бактерија и затоа ми се фатија многу.