Живеам во странство и тука само скрининзите ги прават, значи се на се 3 прегледа те гледаат на ехо, брисеви ако имаш секрет ти прават ако не не те чепкаат во бременост. И крвна слика 2 пати во цела бременост, а урина на 3 недели се проверува. Тоа се прегледите се на се во странство, мислам дека нема потреба од повеќе, првата бременост во Македонија мислам дека се премногу прегледи на 3 4 недели.
Така е,да се разбереме јас зборувам конкретно за Ехо прегледите. Другите прегледи кои се задолжителни како брисеви,крвни слики и слично нормално дека ќе се прават кога треба да се прават.
Ве читнав прееска па си створив работа. Зедов да правам колаж од ехо сликичките што ми ги даваа на прегледите. Знаете колку слики имам?! Скромни 39 Ете толку пати сум била на ехо во бременоста. Море не се толку. Имав и неколку одења колку само да се осигурам дека е добро и тогаш не ни ми штампаа слика. Значи , статистички На 5 дена сум идела на ехо Кога ќе ми текне каква паничарка бев Здравје за второто ќе се потрудам бар на 10 дена да одам П.с Со лесно на сите мешковци Не се плашите, нема ништо страшно
Почесто од еднаш месечно јас немам прочитано да оди некоја трудница. Е сега ако си има бубачки во главата и ја смирува да оди на две недели нека оди. Толку ти покрива здравствено осигурување. На своја рака приватно можеш да си доплатиш. Ама многу е скапо и не одат. Кај нас приватно здравство е достапно за многу жени и затоа одат. @danichap има пишувано дека доктори не сакаат да прават крвна слика заради осигурувањето, за температура кжја праќаат да шетаат надвор да се изладат. Ако е странство не значи дека здравството е идеално, и дека многу им е гајле за пациентите. Некогаш значи дека штедат пари за "непотребни" прегледи.
Ејјј Без паника, не е ништо страшно. Броени саати се, плус рачунај дека сите различно поминуваат. Јас сум со два царски, па еве ме со трето сум бремена. Значи не било страшно првите два пати
Колку што прочитав во породилни, си правела над 10 ин витро оплодувања, точно? И си имала неуспешно бремености. Тебе психата да ти е мирна дека имаш нормална бременост не би висела до ехо апаратот.
Нека ти се здрави и живи и со лесно и третиот пораѓај.Баш ме радува кога читам вакви работи.Јас уште од сеа си праам филмови дека нема шанси да се одлучам за уште едно
Фала ти, и тебе нека ти е со лесно А за филмови, и јас ги имав. После првиот пораѓај реков дека веќе нема да раѓам, па дојде желба за второ и рековме толку, нека се здрави и живи. И, еве ме пак во темава
Доколку не читаш добро кажав убаво дека мислам дека и тоа е претерано порано што го правеле, дека тоа е лошо во други крајности, но го спомнав со цел дека порано не се потресувале по толку имало многу помалку прегледи и пак било се во ред. Јас кажувам дека најдобро е златна средина, еднаш месечно е сосем доволно да се оди на преглед. Исто така добро би било да прочиташ и малку како е во другите земји, поготово во доста развиените западни земји, таму најстручни и врвни доктори сметаат дека не треба често да се оди на преглед, еднаш во месецот дури и на подолг период, само во Македонија и балканските земји е вака.. А исто така некоја членка спомна и тоа е сосем точно, научно докажано е дека ултразвучниот преглед и не е толку добар, не е штетен но сепак си има и тој негативни влијанија за плодот. Само кај нас нема да се најди таква литература, треба да се пребарува на друг јазик. https://alternativa-za-vas.com/index.php/clanak/article/stetnost-ultrazvuka https://roditelji.story.hr/Trudnoca/Zivot-trudnice/a11381/steti-li-ultrazvuk-bebi-u-trbuhu.html Ете во Норвешка дури и ќе забрануват со закон чести ултразвучни прегледи, освен тоа ако е медицински неопходно. Па сега, вие ако сакате и секој ден одете. Докторите, науката и медицината си го кажаа своето, а после кој како сака можи да си прави. Немам нигде прочитано дека некој препорачал или дека треба да се оди на преглед на две недели или многу често. Напротив сите препораки се да не се оди често. Светската здравствена организација препорачува 3-4 прегледи на ехо и дополнителни само доколку е потребно ( ризична бременост и проблеми ).
Јас првата бременост се мачкав со кокосово масло и немам ниедна стрија на стомакот, па сега со вторава бременост си почнав исто од честврти месец да се мачкам со кокосово масло.
Ја користам шампон од лук приметив подобрување пак ми паѓа ама не како што ми паѓаше , а предлога ми е од витамините ваљда.
@shz јас крадам од на маж ми , конопка има моментално. А и убав сјај дава од тоа билките Ма да сега косата ми е супер , ама после здравје, знам што ме чека Да не си бараме оправдувања, која колку пати сака нека си оди на ехо. И на дежурен одам да се смирам, и на ехо често, за мене ова е правилно, за друг не е , кој како сака нека си прави. Целта ни е една на сите
Грешка си,може јас да се јавам да им кажам дека имам бол или било каков проблем и да ме прегледаат ехо, или можам сама да си побарам крвна слика или преглед од гинеколог, но само ова претходно што го набројав спаѓа во обавезни прегледи, останатото е волја на пациентот. Здравството секско е малку преокупирано сега секаде заради пандемијата, но ако плаќаш здравство покрива се. Лично како трудница сите лекарства ми се бесплатни, сите прегледи и стоматолог дури една година по породување. Исто за првото дете додека да појде на школо му е се покриено, неможам да кажам дека е лошо здравството. А приватно да можеш да одиш и секако си плаќаш.
Девојки, по грешка испив уште една доза феминион таблети наместо магнезиумот. Мислите дека е нешто штетно?
Ај инаков страв ќе ви кажам Од доењето да се плашите, од раѓање не Напрајте си скрин шот од ова за после пораѓај
Kaj mene pak stravot e povekje izrazen zdravje za posle poragaj, kako bi se snasla so site obavezi, so dete i se st nosi taa uloga