Од мое искуство: од грчеви да се плашите. Точно 3 месеци. Пораѓај помина. Доење топ. Затоа неспиење колку сакаш.
Па и во Македонија по правило (иако е само на папир тоа) бесплатни прегледи кај матични гинеколози за трудници се вкупно 3 ехо прегледи, односно скрининзите. Останатите е дозволено да се наплаќаат. Според мене на почетокот до прв скрининг е во ред на 2 недели да се оди, секако зависи во која недела се дознало за бременоста. Може некоја ќе слушне срце уште во 5+, но до 12та недела има многу време и тие недели се најризични за да престане да се развива плодот. Треба да се следи, во случај да има нешто да се реагира. После тоа, еднаш месечно е сосема во ред да се испитува крв и да се прави ехо, доколку нема причина за почесто. Сепак, секој најдобро си се познава себе, и ако некој се чувствува посигурно да оди на 2 недели на преглед, нека оди. Подобро на 2 недели отколку да чека 4 и во меѓувреме да биде под стрес дали е се во ред. На сите целта ни е успешна бременост и здрави бебиња.
Еве кај мене слушнавме срце во 6+ и докторката ми рече следно гледање за 6 недели на прв скрининг. И јас мислев дека треба почесто да одам, поточно сакав да идам често за да го гледам бебето ама ми рече дека до прв скрининг нема потреба. Нормално рече доаѓај ако сакаш ама до 3ти месец работата е во рацете на природата, после тоа настапуваме ние докторите. Јас бев на 3те скрининзи и плус 2-3 пати на ехо во цела бременост. И друга интересна работа сега што ми кажа кога ја прашав дали е поминато доволно време од царскиот, дали раната е зарасната, ми рече доколку матката не е спремна за бременост уште од старт ќе го отфрли плодот. Штом остануваш бремена значи телото е спремно.
На 30 ноември дознав дека сум трудна и намерно чекав некоја недела за преглед. Имам до сега еден преглед и еден скрининг. И една крвна слика. Ехо добивам на 1 месец, а така добивав и во Македонија. Освен кога имав хематом, ама и тогаш на 3 недели ме видоа. За здрава бременост, стрес е и оптеретување е на 2 недели. Ама секој си знае за себе. Среќа па ве примаат матичните. За мене е премногу, но не осудувам. Кој како сака нека си прави. И овде има приватни ординации инаку, и приватни крвни слики, ама јас убаво се изгорев со тоа правејќи си крвни слики самоволно, правејќи се доктор. Оттогаш само доктор слушам.
Dali nekoja e od vas znae da mi kaze sprema presmetkata na ova resenie ke mi bide isplatata za patoloska bidejki vaka e 90%od platata koja ja zemam izminative dve godini ...izvinete devojki sto pisav tuka ama nekako e po aktivna temava
А ете доколку плодот престане да се развива во 7ма недела, нели е многу 6 недели за да се реагира да се исчисти? Не постои ризик од инфекции? Едит: За проверување крв јас сметам дека е важно, еве мене за еден месец од 30 на 7 ми падна, ако не проверував немаше да земам терапија и можеше да ми опадне уште толку да си направам проблем.
Не знам искрено, веројатно ќе имаш некој симптом. Не дај Боже ама ете и да идеш на 2-3 недели може во меѓувреме да прекине да се развива и пак го имаш истиот ризик. Веројатно знаат што прават. Уште не сум слушнала доктор да рекол доаѓај на 2 недели. А мислам дека ризикот да прекине да се развива е пред срцевата акција. Ако знае некоја подобро нека каже. Да се едитирам и јас за крвната слика. Со првата бременост правев еднаш месечно, сега исто планирам.
Јас на почетокот ми се фати повеќе пати да одам на контрола. Првиот пат рано беше да се види нешто, па рано беше за срце. До првиот скрининг почесто бев. А после првиот скрининг на три недели ми закажува. Освен ако некој проблем се јави може и порано да одам.
Точно и јас не сум слушнала доктор да каже дека треба да се оди толку често, на две недели... Сите доктори кажуваат дека не се препорачуваат многу чести прегледи, дури и од светска здравствена организација, и многу напредни странски земји. А и кај нас докторите, исто немам слушнато некој да закажува прегледи толку на често, напротив велат контрола по еден месец, некогаш и повеќе од тоа. Докторите сигурно знаат повеќе од нас, а тоа што некој се плаши, паничи и слично или пак има желба да оди често колку да провери и да и олесни јас не го осудувам, секој си знае и си има право да прави како што сака, но мое мислење е дека тоа е претерано и јас би ги слушала докторите и нивните препораки. Едит: Јас уште од почетокот на бременоста па досега ( 9 месец ) одам во приватна клиника на контроли каде што сигурно им се исплати што повеќе пати да одам, за повеќе да платам, нив така би им одговарало но и покрај тоа докторот секогаш ми закажувал контрола по еден месец сега само во последните недели ме закажува еднаш неделно но не ме гледа на ехо секогаш бидејќи не е препорачливо толку често, туку ми прават цтг, вагинални прегледи итн. Кај матичниот исто одев еднаш месечно но никогаш не ми правеше ехо прегледи бидејќи ми направиле на приватно, од таму земав упат за крвна слика, брисеви, и упати за други испитувања ( тироидна, скриен шеќер итн ). Секогаш ме прашуваше кога ми бил последен преглед, па се случуваше да ми биде пред 3 недели да сум била на приватно на почеток на месец а на крај на месец кај матичниот па ќе ми речеше во ред значи пак нема потреба од ехо чим си била пред 3 недели.
Здраво девојки, еве и јас да се пријавам со мојот страв и паника, денеска на цтг мирно се, плодова вода доволно но за следната недела ми закажаа за пораѓај, поради високо ризична бременост што имам морам со царски а тоа е и причината што не спијам на вечер, обично не сум плашлива ниту имам страв од нешто ама сега толку страв имам во мене од царски што ме фаќа дури криза имам денови кога од страв плачам,незнам зошто толку се плашам од царски па и дека на договорено го чекам денот а мислам вечност е и никако не иди тој ден. Прва бременост ми е многу ми беше тешка по болници лежев едвај стигнавме до 9 што се не поминав па сега кога ми треба најмногу сила и храброст јас ја немам незнам зошто имам толку страв во мене душата ќе ми пукне,секакви мисли ми идат во глава.
Ќе видиме како ќе одлучи докторов накрај...искрено му верувам многу па се надевам дека си ја знае работата....ја пресреќна дека стигнав ама баш до крај знаејки си ја ептен ситуацијата дека до пола ми е тешка....дефинитивно само позитивна мисла и слушање доктор е мајка за се...со лесно на сите само да биде
Јас имав два плода, од кои едниот престанал со развој меѓу 8/9 недела. Сега сум 20та, уште го покажуваат кога правам ехо, многу е помало, но не го вадат. Или ќе се исфрли сам, или другиот плод како расте ќе го апсорбира- според лекарот. И мене ми беше чудно, но кажуваат дека нема причина за грижа.
Патолошка е 70% просек од последните 6, 12 месеци или колку и да си месеци во фирмата, од платата на која си пријавена.
Па не е затоа реков ако некоја знае што би се случило нека пише, јас не знам. Ама 40 недели носиме бебе и јас стварно не би идела на 3 недели, плус со друго дете дома, треба стално да организирам некој да го чува.
И за понатаму во триместрите е убаво да се следи почесто. Проток, раст,скратен цервикс. да се реагира брзо ако не дај боже нешто има. Пак кажувам ова е мој став. И јас така се осеќам помирна. Кога ќе ми влезе бубачка во глав, оди извади ја. Да ве прашам, одам на трансфузија ама воопшто не ми е достапна. Некогаш ќе ми одговори некогаш не. Знам дека Јани го чекате надвор или пред канцеларија, како да стапам во контакт и јас? Ми треба 2 мислење, ова може пак ми е бубачка ама го мислам 10тина дена. Извештајот ми е до април, тогаш ми тече да закажам преку матичен она не ми закажува. Ако го најдам Јани , ќе ми даде нов извештај ? Ќе биде проблем за рефундација?
Јас затоа од старт ќе си земам силиконска брадавица Малиот парчиња ми кинеше, па среќа патронажната ме просветли и немав мука. Инаку, крвишта, масакр
Јас прв пат појдов во 6та недела, тогаш направив и тест, не верувавме дека ќе остмам бремена, затоа што се обидувавме неколку месеци. И баш во најстресниот период јас сум останала бремена. Слушнав тогаш и срце, се беше во ред, од тогаш контрола на 4 недели. Ама во право сте, стравот секогаш го има, особено кога доаѓа моментот за преглед, дали ќе ми каже дека се е во ред, да не има некој проблем.... Последно пред неколку недели, од активно бебе кое не морува по цел ден и ноќ, мрдања не осетив цел ден. Од памет се извадив, не знаев каде се наоѓам, но реков смири се и почекај малку. Најверојатно му бил некој мрзелив ден па решило да ми прави стресови. И за тие 4 недели, доколку нешто не дај Боже има, мислам дека би се појавиле симптоми. Нормално, веднаш ќе реагираш. Мојата баба секогаш велеше, кога сте се решиле да оформувате семејство, деца, очекувајте секој ден по едно бело влакно на косата Јас понекогаш и затоа ги разбирам паровите кои не се решаваат да имаат деца, едноставно не се спремни за таков чекор, промена за 360° и се разбира стрес, паники и нервози...
Здраво женски, мислење/ искуство за креветчево? https://omnibaby.mk/products/Креветче-транформер-8во1-модел-STANDARD-p255744427 На изглед преубаво е, ми изгледа и практично дека е преносно, ама доста е поскапо од другиве.. Гледам другиве до кај 100е се движат..