И јас искрено не сакам да одам на две недели, што е до мене би одела еднаш у два месеца. Арно ама преглед ме чини 1000ден.како ќе се богати докторката? И само мр вика. На почетокот идев на 10 дена и збоктисано ми е искрено, сеа ми вика дојди на 2 недели, еве поминаа 2 недели и не ни планирам да идам у скоро Нормално, да, ме интересира како е бебуш, како се развива и сл, и јас како мајка мислам и сум загрижена, но само по прегледи да се идело, налет. Секој ден си мрцка, си клоца, знам дека си е супер, тоа ме исполнува
Мене ми се паѓа мислам да одам eднаш во месец. Кај гинекологот секој месец одам испитувам крв и урина и сестрата ми го порано некој ден даде листот што треба да испитувам и тогаш ми каже дали треба да одам и на преглед. Еве во вторник ќе одам на скрининг, а во среда кај матичниот да му го дадам извештајот ако е се во ред нема да ме гледа на ехо и пак треба да ми даде упат за крв и урина овој месец сеуште не сум испитувала.
Не си слушнала ама мене на почетокот ме викаше на 7,10 дена. Сега ме вика на 2 недели и не одам. Нормално дека ќе ме вика, 1000ден у џеб
Јас неам искуство ама толку пари не би дала. Би ги пренаменила за др покорисни работи. Со тие пари би купила кревет со душек и постелина, корито и релаксатот. Знаеш дека на овие креветчиња постелнината е околу 6.000, 7 000 ден?
Мила , не си сама ,сите сме исти...паничарки , секакви мисли ни идат низ глава...ама верувај дека на крај најлесно ќе поминеш , ќе видиш...плус си договорена за царски , немаш потреба од грижи...уживај уште некој ден со меше ,па после ќе почнат слатките маки и бесони ноќи , те
Mene raboten cas mi e 134 den a vo nivna presmetka ne znam zosto e 123 i na tie 123 koga ke stavis 70 % platata e nekade 13.000 a jas zemam 21.500 znaci 70 % bi trebalo da e 15.000.. Dve godini veke nemam izmena na plata,ne znam dali treba da reagiram za ova nekade
Од фондот гледаат што повеќе да скратат. Мене часот ми го израчунале 185ден мислам беше, е на тие 70% е. Башка, викендите не ги пресметуваат и празници. Мене напола некако ми стигна патолошката. Многу малку, сметав и јас секако ама кратат многу и доцнат. За јануари сеуште немам добиено. Колку % изнесува породилното на тие што биле на патолошка? Зарем намерно одиме на патолошка, глупости..
Просек од последните 12 месеци ако е непрекинат стаж, просек од последните 6 ако е со прекин.. мислам дека така беше
Не знам можи има исклучоци и во докторите, и јас одам на приватно мене прегледот ме чини 1500денари но докторот секогаш наредна контрола ми закажуваше по еден месец никогаш не ми рекол да одам порано. Инаку нема мислам мајка што не е загрижена, што не е љубопитна како е бебушот, како се развива и слично како што кажуваш и ти.. Не значи доколку одиш еднаш во месецот не се грижиш или не паничиш, туку едноставно постапуваш по непишаните правила како што препорачуваат повеќето доктори. Е ете имало и исклучоци кои за пари ги викаат често на контрола трудниците, но јас прв пат тоа сега го слушам сите искуства досега мои и на мои блиски биле дека докторите ни препорачувале на 4-5 недели контроли, не порано од тоа.
Мене доктор ми рече до 7 месец доволно е еднаш месечно исто и урина и крвна слика. После 7 месец на 2 недели на контрола. Но како и секоја од нас ке си одиш и по 2 и 3 пати ако е потребно.
Каде купувате трудничка облека? За некоја недела ќе влезам во 5ти и веќе апла во стомак ме стегаат фармерките што ги имав и пред бременост (инаку ги носам откопчани горе) ама сега и тоа стега... Гледав на ФБ во Ева ама не се пронајдов...
Има ли некоја што се мачи со тахикардија ,вртоглавици и губење воздух во бременоста и како се справувате.Бев на кардиолог немам никаква физичка мака ме видоа на ехо и ми рекоа верапамил ама не сакав да го земам тогаш бев 17та недела. Сега сум 25 и се влоши тахикардијата од кога прележав корона,не знам што да правам
Во ваикики види, сара фешн. Јас хеланки труднички си купив од ваикики, едни од сара фешн ама ме стегаа па свекрвата ми стави друг ластик и сега таман ми се, имам уште едни сиви хеланки и на тие ќе и речам да го смени ластикот и сега за сега тоа ми е доволно.