Па некоја потреба освен грчеви и болка во грб немам, докторот баш ништо не ми има спомнато на оваа тема, ама чим се даваат и поголеми дози веројатно нема да е проблем. Фала ви
2x400 пијам. Докторката ми рече до три , четири слободно ако имам потреба . Ама откако влегов во 2 тромесечие ми рече обавезно секој ден 1x400
Приватно е многу скапо и не можат сите да плаќаат по 2000 денари секој месец. 300-800 е прифатлива цена за стручен матичен доктор. Жална реалност ама тоа е.
Не дај боже, што друго да кажам. Баш ми е жал. Види, ако тебе те прави мирна често идење на преглед нормално дека ќе си одиш. Не треба да те интересира ни мое, ни било кое друго мислење. Јас сега вака размислувам зашто прво не сакам да мислам на лошо, второ стварно немам време. И дај кажувајте дали цело време ги држевте децата во раце или избегнувавте барем на почеток? Почнав да се нервирам многу. Јас си го носам исто како и претходно, прво пробувам дали ќе сака сам да оди ама некогаш не помага ништо, си сака во мене и крај. Имам една блиска исто трудна и вика откако дознала дека е трудна детето го нема земено во раце. Ама таа има војска позади неа за чување, готвење, чистење, невработена е. Јас сум сама ама осеќам грижа на совест, си викам не дај боже нешто лошо, нема да си простам. А од друга страна, не сакам да го оставам детето да плаче.
Колкаво е ? Јас дали еднаш, двапати го фатив на почеток , од што заборавив. Не го кревам никако. Ама му кажувам дека не смеам, му објаснив веќе не ми ни вика, сонце на мама 4 и пол е.
Зависи колкава возраст е. Син ми е 4г и само 1 го имам кренато ( сега кога беа земјотресите) иначе голем е знај дека не смеам да го кревам ме разбира
21 месец е. Чек чек, дури на 4 години се уште бараат во раце? Јас мислев мојот е мамина маза. Му објаснив и јас за бебето и као да, да, разбрал ама кога ќе му се приспие или му е досадно, не го интересира ништо само ми пружа раце.
Мал е твојот. Бара кога ќе му здосади од шетање или спалната ни е на спрат кога ќе стане да го спуштиш. Дома ретко бара , повеќе надвор кога ќе се измори. Од вчера бебето ниско мава , во цервикс ми се чини, непријатно и езивко чувство. Има удари и под папок ама почесто доле. 21 недела сум, кај вас како е?
Ти не знаеш колку се мили децата на 4 ри години. Значи замисли малечко човече, со малку бебешки говор, а мозоче 300 на саат како на возрасен. Нешто кога ќе поврзи со логика значи вилицата ми останува на земја. Преслатки се, преслатки. Да, бараат во раце. Ја немам кренато откако дознав дека сум бремена, ама сфаќа дека не смеам
Оф претпоставувам, им слушам муабети со родителите во градинка. Преслатки се, буквално да се зачудиш на идеите што им доаѓаат во главчињата. Значи сепак да наоѓам начини да не го кревам. 12кг е, не е многу ама пак ми тежи, ме боли и стомак и кичма.
Се сложувам со @fana немој да го креваш никако, залажи го со нешто, заиграј го, побарај помош од некој... Ќе ти биде тешко но тоа е. Опасно е, мислам дека на трудници им е дозволено мах.до 5кг да креваат.
Друштво, се поретко одам во вц, читам дека е нормално во бременост, ама подуена сум, што користите за вакви проблеми?
Чиа семе единствен спас ми е. Натопено во јогурт од вечер, сецкам суви сливи, ставам и овес некогаш и одма функционира.
И јас сум иста. Пред бременост немав ваков проблем, а сега... Џабе и овошје јадам мн не помага кај мене
Со дозвола од матичниот, пијам Алкалакс чај (бидејќи ништо друго не ми помага), но само кога е навистина неопходно (ако веќе 5-6 дена не можам да се испразнам). Но можеш прво да се обидеш со чај/компот од суви сливи, јогурт со ленено семе...а за чајов консултирај се со др.