Скапо е не велам не, некој ги нема ни тие 300-800 ден за кај матичен а камоли повеќе, мене ми наплаќаат на приватно 1500ден но подобро нив да им ги давам, односот им е одличен, стручноста исто така, најсовремени апарати, грижа... Имам целосна доверба, а за матичните кои наплаќаат, колку и да се стручни ме фаќа инает и не сакам да им давам пари за нешто законски што не смеат ни да ми побараат, тие доктори злоупотребуваат, имам многу лошо мислење за нив и нивното однесување, си викам кога веќе плаќам ќе платам таму каде што заслужуваат ќе си скратам трошоци од некои други работи, ќе се снајдам, ќе се стегнам, бидејќи е дупло поскапо но барем ќе ми вреди нема да се нервирам.... Жалосно е ова што ни се случува во државата, но тоа е тоа, немоќни сме ние не можеме ништо да смениме...
Фала на препораките, ќе пробам прво со слививе најлесно решение ми изгледа Одам еднаш дневно, ама некако на толку многу изедена храна ☺️ мислам дека малку е
Да немаш пари, не што нема да те фаќа инает, туку ке си среќна ако ти наплатат помалку. Не е дупло, туку пет пати поскапо. За цела бременост излегуваат мнооогу повеќе.
Девојки тие што сме без пупки, чаре за доење? Јас разбрав имало некоја пумпа за да ти извлече пупки ама појма немам ни која е, ни како се користи, ни дали е ефикасна. Некое искуство...?
Девојки дали трудници со висок притисок мора да одат на патолошка бидејќи бременоста им се води како високо ризична?
И знам кои се последиците, ама ако има некоја од вас што била со висок притисок и успешно истерала бременост ја замолувам да ми пише и да ме утеши И чисто од искуство, колку често се оди на прегледи, што најмногу се следи и испитува, на што да се пази…? Случајно и во болница да не треба лежење, не знам
Не верувам дека мора, ама пожелно би било да бидат. Висок притисок во бременост е баш, ама баш сериозна состојба.
Вовлечени или без? Јас имав вовлечени ама со силиконска брадавица синко ги извлече и без проблем цица. Пумпа можеш било која, зависи од цена која ти одговара.
Ги земав резултатите и од нифти и од брисеви. Нифти се е во ред и повторно е машко. А од брисеви ми излезе кандида.Дали некоја имала кандида во бременост ? Матичната ми даде канестен 3.
Може секако да ја истераш бременоста здрава, на сите овие прашања одговорот зависи од тоа колку ти е покачен. Колку се оди на прегледи може само докторот да одлучи во однос на тоа колку ти е покачен и друга здравствена состојба. Ти следи си го дома со домашен апарат. Се испитуваат протоците на бебето со ехо и урина ќе ти испитаат дали имаш протеини во урина, најчесто тоа. Дали се лежи во болница и тоа зависи колку ти е покачен, за високо покачен се лежи ако има потреба. Сол помалку, лекови ако ти дадат не се двоуми и земај ги редовно, стрес никаков , мрсно, свинско, такви работи секако не е убаво да јадеш, ама сега никако, кафе, кока кола и чаеви со кофеин исто така не.
Па и немам баш, како што кажав кратам на многу други трошоци за да можам да отидам на приватно, се турка некако, се снаоѓаме, знам дека некој дури ни тоа не го можи за жал Не е само инаетот, како што кажав сепак мислам и стручноста и услугите и односот што го има во приватни клиники не може да се споредат со државните болници и со матични доктори, би ги дала и последните пари само да знам дека сум во сигурни раце. Преѓе читав за родилката од Тетово, уште не можам да си поверувам. Тоа што матичните наплаќаат а не смеат испаѓа најмал проблем, колку пострашни, ужасни работи ни се случуваат во здравството немам коментар.
Кандидата е честа појава за време на бременост не се плаши и кај мене покажа на резултатот од брис околу 20та недела. Канестенот ќе ти помогне
@eli25 во 21ва ми се качи погоре. Сега во 22ра го осеќам околу папок, претходно го чувствував толку ниско што мислев на мочање ќе ми падне. Прашав и доктор ми рече нормално е, а исто читав што сум пишувала за претходната бременост исто вака ми било. Очекувај сега да се крева. @Jana06 откако дознав дека сум бремена престанав да ја кревам. Сем дома кога ќе ја видам напентарена некаде и нозе ќе ми се пресечат па трчам да ја симнам, да ја поткренам малку, или ако падне па плаче ја земам во раце, ама кратко е тоа. Со мене е топ, шета за раче и не бара во раце и на подолги релации. Ама затоа кога шета со татко и, за раче е мисловен поим, кај него уште од врата дома плаче за во раце. Бевме сред селење кога дознав дека сум трудна. Одложивме за понатака оти од Грција маж замина за Германија, а ние со дете дојдовме во Македонија, меѓутоа баш тогаш се фатило. Морав да се организирам околу детето, а матичната ми беше далеку, па пробав да ја сменам со докторка во близина и која е добро позната во градот. За да ме земе за матична мораше да имам прв преглед кој траеше едвај 20 секунди и кој ми го наплати 2000 денари. Да знаев ќе додадев уште нешто и ќе одев до Ремедика. Нек и се алал на алчноста. Да ја пријавам не ми падна на памет. Да знам дека нешто ќе се смени да, без размислување ќе пријавев, ама пошто знам дека ништо нема да се смени тоа е. По два и пол месеци напуштивме земја среќа.
Јас мојата ја кревам, нема што да правам, не разбира. Башка со нишкање се заспиваме.. Па знае навечер да стане да плаче, пак ја нишкам. Кога е маж тука ја зема тој, ама почесто со мене заспива. Јас на почеток го прашав гинекологот ,рече не е страшно, само да не се претерува. Еднаш само ме болеше кичма и стомак.. тој ден цел одмарав.. Немам начин да не ја кревам, џабе
Девојки од синоќа имам многу болка во карлицата буквално едвај се поместувам,а за одење да не ни зборам. Не знам што да се напијам нешто или да си трпам едноставно. 36та сум.
Јас пред некое време кога бев кај матичната, беа нервозни чешлаа документи, ги пријавила трудница која како што ги разбрав била исто на специјализација гинекологија , а они и наплатиле преглед. Заминала со фискалната ги пријавила и тоа како што разбрав сакала да знае кој ги пријавива, не било анонимно. Ги казниле некои 3000 евра , ќе си ги платат и сега пак наплаќаат не ни престануваат. Значи им се исплати и казна и се, а досега не сум чула некоја гинеколошка да ја затвориле , а сите наплаќаат
Девојки, вие кои сте имале мака со хемороиди после колку време ви се намалувала болката барем а за повлекување и не се ни надевам ...6 ден мака мачам, бев и на хирург тромбозирани и како цвеќе излезени надвор, ужасно и страшно изгледаат а уште повеќе болат. Пиев вчера парацетамол на моменти ми ги смири а друго се исто останува иако веќе два дена мачкам антролин и плус факту чепчиња ставам.Тек 30 недела сум како да издржам не знам ? Свекрва ми ми зема и маст на природна база , на секој саат сум под туш и искрено се плашам да не им наштетам на бебињава.Помагајте дајте ми некој совет или бар позитивни искуства.