Многу голем замор осеќам, ми се лежи цело време. Од денес официјално на кафето љубов му откажав, ми се згади. Па и стомак ме боли од хематомчето, одвај чекам вторник да дојде за боцкање и ехо. Сонував како ми донеле пица и пред да ми ја даде тој што доставува, му паднала на скали. Како се потресов да знаете Денес ништо не работи, па ќе јадам домашна супа и ориз Одвај чекам да помине времето и да се породам, сакам да го гушкам и мирисам цело време
Темна или свежа крв? Да не ти земаше брисеви со спекулум? Ако е свежа црвена не е од пред 3 дена, ако е постара крв потемна можно е од прегледот.
Убав ден и од мене. Како за малер викендов размрсулавени ние. Многу се исплашив јас, ама среќа денес сум супер, се надевам дека ќе оди на подобро. Немав апетит скоро ич, ама форсирав овошје премногу, течности, супи( едвај успевав да си зготвам) и чаеви. Туку да ве прашам, ви се случило на некоја мокрачата да и биде со потемна боја од вообичаено, бидејќи пиев само чај од брусница? Денес имам сила и дете да средам, и куќа море две куќи да исчистам Остана уште бањање, спремање ранец за школо, облека за работа и уште две машини за пружење
@Dea** консултирај се со докторот, пиши или јави се види што ќе ти речи. Не би требало да е страшно штом е малку и нема повеќе, само да се види од каде, може ќе треба прогестерон.
36+4 сум, од пред две недели имам колострум, тоа е првото млеко. Да пумпата прави вакуум и ги влече брадавиците за да може бебето да фати да цица. Мислам дека може да потече и од пумпата ама немај гајле тоа се неколку капки, неможе да истече цел колострум.
Јас од пред 20та недела имам исцедок од градите нормално е или не? А воопшто не ми се пораснати, се надевав дека бар во бременоста ќе ми пркнат ама ништо
36+ Бебево денес го осеќам прениско како да ќе излезе и болно е пошто мрда многу , како е кај вас ? Да реагирам или да одмарам хх ?
И јас пред два три дена исто го чувствував, еве денес е нормално. Се местат мислам, додека не ти успадне чепот, пукне водењакот или имаш болови нормално е, а и требс да се спушта веќе време е Едит: да се нсдоврзам, мислам дека пред породување обично се смируваат бебињата во стомакот.
И јас исто чувствувам а 35 недела сум Дали ви се случува и да ви се закочуваат нозете да не можете да стоите?
Јас денес при апликација на утрогестанот малку се повредив,осетив болка во вагината како печење. После 2 мокрења крв малку на тоалетот, од слузницата е нели? Да не паничам
Од утре сум 20та недела и доста често го осеќам бебето да ме ритка, нормално ли е? Највеќе кога лежам го осеќам. Мислам дека е бебето, цревата не верувам дека се па не знам.