Глупости или не така си е , ако не се замараш ти за себе и не се информираш од различни извори никој друг нема да се замара и да те тера не нешто од искуство си знам а сигурно не сум единствена
Е тоа ме нервира што одбиваат. А и што треба сами да им викаме. Зашто да не мерат сами без никој да им рече.... Тоа е 10 секунди работа, незнам што е мачно...
И што треба да и речам? Читав на фемина искуства и дојдов до осознание дека треба да ми мериш цервикс!!?? Мизерија
Ја си кажувам се , и предавам кога идам на прегледи Ќе чекам на неа или ќе и се срамувам кога се работи за мое бебе?
И јас исто, заради предходното искуство читам све живо, прашувам, овде исто собирам информации искуства и мислам дека 6 очи имам отворено да не направат утка како лани.Матичната знае што поминав и има разбирање, ме следи на 2 недели и мислам дека сум покриена со правилна терапија овој пат, натаму дедо боже.Не ми е срам ништо да прашам, и да побарам некое испитување ако сметам дека треба. Еве сега читав за серклаж дека ставаат и превентивно ако предходна бременост се завршила поради скратен цервикс,и ке ја прашам матичната дали има потреба, ако треба ке ставам.
Мене матичниот во првата бременост ми велеше јас сум доктор или ти. Му кажував што да провери, кај да ме пушти за испитувања, препрашував за мерки. Денес му велам Ддимери сакам да испитам, ми пушти да видам протоци како се, рече ако има потреба ќе те пуштам. Исто и за плацента ко прашав ми кажа кај е, колку е ниско и дали е во ред, а за време на преглед го коментираше бебето. Си гледаат тие најчесто се што треба, ако има индикација мерат и цервикс. Мене во првата бременост не ми мереше никогаш, па на приватно ко измери докторката на крајот беше многу долг, значи видел дека нема потреба.
Абе и јас од незгодно, од слепо верување на крај рогам инекцијата ја примив 4 недели покасно Среќа шо нишо не се случи у меѓувреме, така да... За твое бебе не знам зашо би ти било незгодно. Јас одев со цела листа прашања. И на крај ко ми кажа дека рогамот се прима у 28ма недела, а јас веќе 33та терав лом се направивме за мои пари и мое бебе нема незгодно Едит: и да се надоврзам на темата, мене ми го мереа цервиксот на секој преглед ама не ми кажуваше толку и толку ти е, туку само супер е.
Труднички, тука најактивни сме. Верувам видовте дека комисијата предлага укинување на мерките за бремените жени да се ослободени од работа. Како планирате да терате, ако владата го прифати ова? Мене ме фати паника, јас сум во училиште со деца каде на дневна основа има по десетици заболени
Ако имаш реална опасност да одиш на работа ке си извадиш патолошка.Многу од фирмите и не ги почитуваат овие мерки.Ова е сега за сега само предлог, можеби нема да се усвои. @Mrs.Sofija има на сите портали, отвори на time.mk
Кога ќе се знае официјално дали е укината мерката, знаете? Гледам не пишува конкретна дата кога ќе се разгледува и одлучува.
Предлог е само, треба да помине на влада, денес нема сигурно да биде на дневен ред, е сега кога ќе има следна седница не знам.. Може и нема да го усвојат предлогот
Реално да не се надеваме, нема мерка која била предложена од комисијата, а не била прифатена од владата.