Докторот ми рече да не пијам утрогестан повеќе. Има некој ризик ако ги прекинам наеднаш сега? Ме фаќа страв дека имам ниско болки често, кај препони најчесто. За мерките се надевам нема да ги прекинат, не е смирена толку ситуацијата за трудници да одат на работа, особено со ризични професии. Баш денес ме праша докторот дали имам потреба од потврда, ама јас работам од дома.
Уште ова фалеше. А ние што работиме со огромен број луѓе? Не само колеги туку и од надвор. Како да се заштитиме? Еве баш кај мене во фирма моментално има голем број позитивни.
И мене ме замисли предлогот, јас сум во градинка и тоа со мала група, скоро сите со пелени, треба да се кренат, да им се посвети максимално внимание. А реално немам некои проблеми за да можам патолошка да земам, не знам што ке се прави Со првото работев до крај откако останав дома за 2 дена се породив, ама сега условите за работа не ми се за трудница
Има надеж Фанче, за задолжителна вакцинација имаше предлог, ама владата не прифати. Од утре сум дома со меркиве, се надевам ќе потрае
Оф оф, кај тебе па о да не беше пандемијава ќе требаше да си ослободена или прераспределена на друго место
Нема ризик за утрогестанот, и мене ми рече од денес да не го пијам зашто ептен лошо го поднесував, вчера 60/30 ми беше притисокот ради апчето. Ќе продолжам да примам инекции еднаш неделно и два пати дневно утрогестан вагинално.
Леле лошо, јас сега видов.... Кај мене не носат маска ни 10% а сме голема фирма, мала кујна, малку тоалети..... Не е безбедно воопшто, и не сфаќам од толку мерки баш за најнадежната која живот дава да се фатат! Нели СЗО кажа дека ќе трае оваа мерка додека тие не прогласат крај на пандемија???
Реално ризик од зараза е секаде околу нас. И генерално на работа најмалку се заразуваат ако се пази маски и хигиена. Трудни сме ама сепак контактираме со жив свет, мажите ни работат и они може ковид да донесат, или ние со деца во школо... Да не ме разберете погрешно, и мене ми е фино дома седам, ама реално се гледа крајот веќе на сите мерки. Тоа е.
Така е. Некогаш претеруваме знам. Они го гледаат и на ехо грлото. Мене секогаш ми го гледа абдоминално дали е затворено. Ме прашува дали имам болки ако речам не , ќе ми каже супер е долго и затворено грло. Ако види на ехо пократко сигурно ќе го измери и вагинално. Јас и пред 2 скрининг кога бев излажав дека имам болки за да го измери вагинално Сега на 2 скрининг ми кажа дека абдоминално и изгледа ок и решив да не претерувам. Последно се правев паметна на трансфузија кога и реков гледам скратени времиња да не треба два клексана , па ме спушти”на земја Јас одам на работа цело време, освен еден месец кога имав хематом. Колешки што се ослободени, се оние кои се да кажам “вишок” т. е нема голема потреба од нив и друг може да им ја врши работата, па гледам рашетани Врање, Солун, кафани и пак ковид позитивни Не дека не ве подржувам ама и тоа не е фер . Ослободени за да седат дома и да не фатат ковид нели.
Цела Западна Европа полека трга секакви мерки, ако не сега до пролет секако дека ќе ја укинат меркава.
Да, таква е препораката на СЗО. Исто и кај нас еден женски тоалет е само. Исто маски никој не носи. Тие што сме пред крај некако ќе истуркаме, со одмори ова она.. која недела си?
Све е не нормално се друго суредија, остана уште ова, една од нај осетливитe категории да се фрли во оган буквално