Тоа плус, киваат, кашлаат, не се тестираат. Настинати биле. Или од вежбање испотени па ги фатило. Е и тие без маски седат.
Не се носат ни тука мила, луѓето го прифатија вирусот, мерките се укинаа, само во болници се носат маски, на никое друго место. Ако си заразен и не одиш на работа не ти плаќаат, затоа тие без симптоми си работат, исто кашлаат, киваат од маски абер немаат, ама како да прифатија да живеат со тоа. Лекарите освен витамини ништо друго не даваат да се пие без разлика вирус ли е настинка ли е. Се согласувам дека треба трудниците да се ослободени од работа,но очигледно се водат по правилата во другите држави.
Еве и јас да си кажам и јас денеска на контрола кај Адела, добра била бебка убаво наместена, само леукоцитите и д димерите високи плафон, па ми кажа да земам клексани две недели, па здравје да се видиме со неа во 35-36. Поштом прва бременост ми е па кога ми кажа така вратата не знаев каде е, се надевам дека после клексанот ќе биде се во ред, цел ден само на тоа мислам, до сега апче се немам напуено за било што освен витамините и шок ми дојде ова, мислам дека од нервоза ќе споулавам.. Ама сепак се надевам дека добро ќе биде
Досега само така сум ја миела, лист по лист, па да одстои во вода со сода и пак лист по лист. Некаде видов и оцет дека ставаат во водата. Ама во бременост избегнувам такви зеленчуци, подобро ајсберг или зелка сега има убава.
А да и за коронава сакав да пишам, кај нас ништо не се почитува, на работа додека идев ако огворев прозор очи ќе ми извадеа им било ладно, маска не носи се гушела, за во автобус да не зборам кој имал ишијас кој лумбаго и тн ако отвориш прозор ПРОМАЈА имало ќе умреле а маска ставена само на уши, кива кашла на велико и со цел автобус ќе се истрачари како и биле пружени алиштата на комшиката и у врат ти дишу, не ти две маски да стави гас маска и средство за дезинфекција и дератизација (за бубашваби) не ти помага, шофер без маска а у автобус игла нема кај да падне, редарот седнат крчи како моторна пила у автобус.... Е тоа е мојата чудесна земја, башка ние што имаме работа со странки, оф мори мајко, тие небањати идат па маска и заштита тоа е измислена работа за нив хахаха
Многу се убави овие скрининзи Баш се стопив кога те читав. А за мерките ако така гледаш и дома што седиме никој не гарантира дека нема да се заразиме
Mi go prekinaa na 1 mesec pa povtorno mi go prodolzija sega posle serklazot. Pred serklazot voopsto ne mi teknuvase na sex, a sega hormonive mi pobudalea
Да не зборам, никој на трудна не дава предност веќе. Никој на работа не ни има осет. Секој својот интерес. Најтрагично е јас сум со наочари и маска, трпам, доаѓа странка со наочари и маска под нос. Изговор им е им ги маглело наочарите. А јас можам да трпам 8 саати магли. Ама тоа ти е, ќути си трпи си.
Здраво Сакам да прашам дали е ризично доколку имам крв бледо розева при бришење во рана бременост а идам на работа во фабрика трета смена оваа недела. За на гинеколог закажав во четврток и сега ми е страв да не направам беља а без боледување несмеам да останам дома. И какви се сега мерките со ковидот? Ви благодарам
Пред аптека чекам надвор ветер дожд со толкав стомак, двајца токмаци стојат и не даваат предност како порано по бон тон што се дава. А јас кога не бев бремена секогаш трудници сум пуштала пред мене... домашно воспитување е. Се надевам дека нема да бараат назад на работа, кај мене сите се прележани ама сепак... нели може реинфекција па беља...
Уште траат Ковид мерките за одлободување на бремени од работа. Земи си потврда од матичен, дури не ги укинат искористи. За исцедокот треба да те прегледаат, ќе ти дадат прогестеронска терапија. Не се напрегај на работа, ако можеш не оди ќе побараш боледување утре.
Ние со @Bebulleee денес правевме Приска во лабараторија со ковид заразени. Кој те гледа, кој те пушта. Едвај успеав да се пробијам меѓу луѓето да чукнам на шалтер за да прашам дали е нормално бремени да чекаат во толкава гужва и сите да сме на исто место. Во прва бременост сум чекала со саати на трансфузиологија, ама не е исто сега. Па сестрата ми вели кај ве пуштаат овде, па кај да не пуштат кога немате ред таа е лабараторијата, таму се испитува се, до сега во 2 години не успеале да поделат. @Bebulleee и се испокарала на шалтер видоа мака денес од трудници.
Можеби сме се виделе? кое време беше? @Mari-Li точно е да, јас пред да останам бремена бев позитивна и знаев дека е од работа бидејќи сме многу луѓе таму нема шанси да избегаш а да не се заразиш. Овие денови нешто постојано кивам, не ми минува ден ако не кивнам по 5-6 пати.
Се согласувам скроз за мерките, посебно затоа што бев да се вакцинирам со бустет и на пунктот ми кажаа не минимум до 12 недела. Од друга страна демек се препорачувало - сами не знаат што препорачуваат.
К А Т А С Т Р О Ф А со еден збор! Остај што е гужва разбирам секој оди од мака и потреба таму, ама да чукаш на шалтер 10мин никој да не ти отвара а си прави муабет внатре премногу ме изреволтира и се испокарав со тој на шалтерот. Било многу гужва неблагодарна сум била на пауза ме пуштил 10:30 а од 11 им почнува паузата ама си го доби убаво. Тој на шалтер е 10г и од секогаш е дрзок и се дери по сите. Е тоа бате го нема кај Bebulleee Едит: Плати си на приватно барем знајш со насмевка ќе те пречекаат.
Сабајлето во 9.00-9 и нешто бев кај нејзе ❤ сигурно сме се виделе, ама маскирани како терористи уште панцир да имеме никој не може да не познае хаха
Женски заборавив да прашам ,тие инекции флостерон за зреење ги има во секоја аптека или тешко се наоѓаат...и која цена се ...мене д-р ми пишал 2 × 14 мг