Јас, примив бустер Модерна во 4ти месец, живеам во Франција и тука препораката на докторката беше што побрзо да се вакцинирам, бремените се сметаат за ранлива категорија. Сепак почекав да помине прво тромесечје. Денес баш бев на втор скрининг (веќе сум 22ра недела) и плодот се развива супер, димензии на плодот и органите-според очекувањата за таа недела. Освен што ме болеше раката на денот по вакцината, ништо друго немав.
Дали има некоја користено полигинакс во бременост? Ми препиша денес гинекологот за исцедокот, ама по навика читам упатство и пишува не се дозволени во бременост.
Може прашањево не е за во оваа тема. Дали има тема на форумов Ковид за време на бременоста? Мајка му на мм е позитивна, а еве денес имам болки во грло јас и се чувствувам изморена, па да прочитам искуства. Јас сум немала директен контакт со неа, но маж ми само на кратко, и тоа пред да излезе позитивна. Многу сум исплашена, уште тоа ми фали сега , 13 недела сум. Да кажете некој совет ве молам или искуство.
Јас ги користев за кандида и тоа 2 пати закачив кандида и два пати ги примав Јас ја поминав во 26 недела. Освен парацетамол ништо не смеев да пием. За среќа немав голема мака па поминав со 2,3 парацетамоли
вчера бев на контрола заборавив да ја прашам докторката,не знам дали е тоа тоа ама исто го осеќам неколку пати во средина накај папокот на десна страна..
исто и јас така неколку пати на ден,не знам баш точно да го опишам се надевам дека тоа е тоа,само ми е чудно зошто само на една страна значи само десно
Пред да кренам температура нозете не ги осеќав од болка, страшни болки беа. Кренав 37,2 после ноќта 38,2 тоа ми беше највисоко. Утредента до поручек та ми варираше од 36,8 до 37,5. Со температурата завршив. По некој ден изгубив сетила за вкус и мирис. Затната бев, едвај дишев (сатурацијата ми беше супер), неможев да дишам од затната што бев. На моменти страшни болки во грлото итн....
Како бе така на пауза се и не работат. Па не може во исто време пауза да прават сите. Нека си имаат замена, па нек се мењаат. Дно сме еј дно
Да пишеме ли сите маилови до влада за меркава? Јас сум рана бременост и не би сакала да се вратам на работа - никој не носи маски, со трета доза не ни сакаа да ме вакцинираат, плус секојдневно има премногу заразени и починати.
Добро утро! Ние рано рано со бебко се видовме денес. Се понадевав дека барем после 8 месеци ќе се отсрами и ќе даде барем носе и очиња да видиме, ама НЕ. Застанато со рачињата на фаца и никако не се предаде. Ајде уште некое време, после ќе си го гушкаме и гледаме најубаво. Сите параметри се во ред, денес ми зедоа и брис, оној што требало да си го носам за пораѓај. Притисокот константно низок 80/60 денес, ама и времево ми влијае овие денови. Паднал и хгб и железото па морам да внесувам додатни суплементи, ќе се потрудам и со храна периодов. Сум се поправила 1кг, вкупно 3 откако останав бремена @Black girl Минатиот викенд јас си дојдов од работа со страшни болки во грб и гради, следниот ден болки во грло и се чувствував како воз да ме прегазил, сила за ништо немав, за после два дена да ми се фати гласот и да се потам како никогаш до сега, особено ноќе, по три пати менував облека. Се на се, траеше до понеделникот. Пиев многу течности, супа домашна, и цедени сокови, апетит немав ич. Не се тестирав, но не изгубив мирис и вкус.
Здраво на сите нова сум на форумот, вака сега, 4 години како се обидувам да забременам со маж ми пред две години имав два спонтани абортуси двата беа во 9 недела и секогаш имав помалце крв како кафено на бришење во тоалетната, ги направивме сите испитувања испадна дека имам генетски мутации ми рекле кога ќе забремениш повторно веднаш клексани. Во ноември минатата година ги земав вакцините за корона, но јас немам и редовна менструација от тогаш немам менструација бев кај мојот гинеколог ми даде таблети за добивање. После тоа пред три недели направив тест за бременост испадна позитивен отидов веднаш ми дадоа клексани како што рекле, но не знаат точно која недела сум од бременоста бидејќи немав менструација од ноември само ми рекле 5-6 недела сум дојди по две недели отидов ми рекоа сега си 6 прашав има ли срцева реакција рекла се уште нема кај секого е различно кај некого порано кај некого покасно има срцева реакција рекла гинеколошката но се е во ред , мојот проблем е сега јас немам ниту еден симптом ниту гадење ниту мачнини само градите ме болат и осекам умор, пред две недели осекав менструални болки во стомакот но сега ништоо не осекам апсолутно ништо и немам ни крв ни кафено. Се плашам да не му се случило нешто на бебето, да не имам повторно по трети пат спонтан, само на тоа мислам многу се плашам, дали и вие имавте слична ситуација? Се извинувам за долгиот пост.