Фала на сите на одговорите за вагиналетите, ги почнав сношти. @Evelin1. мене ме водат по големина на бебе. Ко ќе мерат нареден преглед колкаво е ќе знаеш и која недела си точно. После вториот преглед ко немало срце треба да одиш пак после една недела за да потврдат срцева реакција. Колку помина од тој преглед? За симптоми може е рано, а и немаат сите.
Ја сум со 3 спонтани еден во 21 недела една биохемиска и една blighted ovum. Сега сум повторно трудна. Исто и јас немам редовен циклус, според ехото ќе ти кажат која недела си и како напредува, кај мене од почетокот беше за една недела помало и срцева акција слушнав на 7ипол недели или 8 нешто така беше. Ми објаснија дека е тоа поради што немам редовни циклуси и незнаат кога сум овулирала ни па кога е зачнато. Многу добро разбирам дека си уплашена и само мислиш дане се случи истото, живееш во страв иста бев. Ама верувај дека овој пат ќе биде добро,претходните бремености не си земала клексан сега земаш, правиш се што ќе ти кажат и само мисли позитивно колку и да е тешко колку и да неможеш. Знам многу добро те разбирам ама мораш сама да се бодриш за напред и се да е како што треба. Јас верувам дека ќе биде кај тебе овој пат. Само храбро и напред.
Јас прележав ковид 14та недела по втор пат, Вакцинирана и овој пат беше ептен лесно. Два дена темп. До 38 и имав затнат нос па потоа со секрет едно две недели. Освен вотамини и многу течности, парацетамол не пиев друго ништо (крвната слика ми беше добра). Искрено не паничев, се водев и по тоа како се чувствувам и се помина добро.
Една недела помина сега сум 3 март повторно на преглед ми дадоа и слики од бебето ми вика дека е пораснато но се уште нема срцева реакција.
Фала ти многу што ме охрабри дали имаше симптоми? Јас се чудам зашто немам ниту еден симптом ко да не сум бремена.
Матичниот ми даде Makmiror вагиналети и пробиотик да пијам. Ги завршив Makmiror ама од саботата имам некој глуп исцедок по еднаш во денот, како топче е, како вагиналета не растворена... прво си мислев ајде се чисти организмот, ама некако се загрижив веќе. 16та недела терам.
Имаме некое инфо за мерката со трудниците? @NEA каде треба да се пише? Јас мислам прво министерот треба да одобри па да оди на влада? Во секој случај сум за реакција наша брза
Meлено ленено семе, суви сливи, суво смокви, киви, круши, манџи, супи и многу вода. Тоа е исхраната. За хемороидите консултирај се со гинекологот, јас факту користам. Не.
На вести кажаа само дека комисијата за заразни болети дава предлог да се укинат мерките, ама треба да се изгласа тоа, кога ќе биде којзнае и да биде само да не изгласат, да си останат мерките.
Јас имам хемороиди од пред 5 години, и најдобар лек е течна храна повеќе да јадеш, салати. После секое одење во тоалет со поладна вода миење, никако хартија. Сега еднаш ми направија проблем во бременоства и јас си ги лечам со кантарионово масло од аптека имам купено, ракавици хируршки, и се мачкам. Мене ептен ми помага.
Ги гледав извештаите од вчера, сегде различно ги пишува неделите. На приска пишува 12+3, на мајчината книшка кај дата на преглед и недела запишал докторот 12+4, а кај големина на бебе по ултразвук запишал 12+6. По кое да се водам? Тој ми израчуна термин според последното, големина на бебе. Значи почнувам 13 недела? Ми е битно да знам зошто се мислам уште дали да закажам за скрининг и на приватно во Плодност, а мислам до 13+4 се прави првиот скрининг.
Закажи си, јас во 11та правев прв скрининг, секогаш рачунав по последна менструација. Бебето некогаш беше понапред, некогаш назад со неколку дена. Сега со втората бременост имав покасна овулација ама пак се водам по последна менструација.
Da prasam do koga moze da se raboti za porodilno dali do kraj na deveti ili pocetok za normalna bremenost.
Твој избор е. Ако сакаш слободно од работа оди си на бокс, нема проблем. Како што ти одговара и ти е удобно така направи. Кога ќе влезеш во 9ти кога сакаш можеш да отвориш породилно, најкасно е денот на породување.
@Jana06 не рачунаат кај мене така зошто сум многу подоцна останата, а циклусите ми се нередовни. Со 2 недели и повеќе покасно сум останата, на крај на нормален циклус пример. И за малиот така ми рачунаа според него, и тогаш бев на 25 ден од циклус останата. Хаос циклусот До петок ќе размислам, мм вели да не правам дупли прегледи ко за него, за него одев на секој преглед и кај матичен и на приватно и стално исто потполно ми кажуваа, дури и килажата.
Некаде прочитав дека најблиску до точен термин е првото ехо. Ако според ехо си, на пример, 8+3, толку си бремена. Според циклус може да си недела плус или минус ама да си порано или подоцна останала бремена. И од тука натаму по тој термин се водат. Потоа може да е понапредно бебето или поситно. Според циклус се зема за жени со редовен циклус, мали отстапувања има таму.
Значи ќе се водиш по најпрвата мерка за бебе, нај нај првата кога слушна срце. Јас барем така. Знаеш иста ситуација сме. И матичната така ме води, според првите мерки и не и е важно како го измерила на пример вчера, сепак ме води по првата мерка.
Не знаев дека е така ама пак од првата до третата дата има 3 дена разлика, не е многу. Ако правиш скрининг на приватно закажи за деновиве.